По тужбата на Spotify, Apple е казнет 1,84 милијарди евра

Во неочекуван развој на настаните, Европската комисија го казни Apple (се чита Епл) 1,8 милијарди евра по жалбата на Spotify (се чита Спотифај). Ова е највисока казна изречена во музичката индустрија досега и сериозно ќе влијае на дигиталниот музички еко-систем. Изненадувањето не е казната што беше и очекувана туку висината на казната. Првичните претпоставки беа дека Европската комисија ќе го казни Apple по oбвинувањeтo на Spotify за злоупотреба на својата положба на пазарот со 500 милиони евра.

Казната за Apple е поради неколку причини, најголемата секако е што благодарение на високата провизија која мора да ја платат на производителот на iPhone, конкурентите секогаш биле во подредена положба во споредба со Apple Music. Дополнително Apple со условите кои ги наметнуваше за издаваење на апликациите на App Store го отежни информирањето на корисниците. Поради ова дел од нив плаќаа повисока цени, иако понудата беше значително подостапна.

Одлуката на Европската комисија доаѓа пет години откако Spotify првпат се пожали на праксата на Apple. Комисијата процени дека Apple ги спречувал развивачите на апликации да ги известат корисниците за поевтин алтернативен начин на претплата надвор од апликацијата. Apple ги спречувал и развивачите на апликациите да ги известат корисниците дека цената надвор од апликацијата е пониска. Конечно, забрането беше и да се споделуваат линкови во апликациите кои ќе го однесат корисникот надвор од апликацијата или да им пратат електронска порака (email) на корисниците.

Злоупотреба на доминантната положба на пазарот

Проценката на комисијата е дека Apple во тој перод можел да биде сметан за монопол. Единствената продавница за апликации AppStore на која програмерите може да ги издаваат своите iOS апликации е во сопственост на Apple. Ова им овозможило значителна заработка благодарение на провизијата од 30%.

„Однесувањето на Apple, кое траеше речиси десет години, можеби доведе многу корисници на iOS да плаќаат значително повисоки цени за претплати за стриминг на музика поради високата провизија што ја наметнува Apple на развивачите на апликации, која на крај ја плаќаат потрошувачите во форма на повисока цени за претплата за истата услуга. Одредбите на Apple доведоа и до непарична штета во форма на полошо корисничко искуство: корисниците на iOS мораа дополнително да пребаруваат за да пронајдар релевантни понуди надвор од апликацијата, или никогаш не се претплатија на некој сервис бидејќи не успеале да го пронајдат.“

пишува во извештајот на Комисијата.

Иако казната изгледа огромна, во принцип е речиси незначителна за Apple. Вкупната казна од 1,84 милијарди евра е само 0,5 отсто од светскиот промет на Apple.

Apple смета дека Spotify претерува

Дел од забелешките на комисијата денес се веќе надминати. Од 2021 година уште пред одлуката по жалбата на Spotify, Apple им овозможи на издавачите на апликации да додадат соопштенија за алтернативни методи на плаќање. Од 2022 година дел од апликациите можеа да додадат линкови до своите сајтови. За ова за жал требаше посебна довола од Apple. Функционалноста беше достапна единствено за таканаречените „reader apps“.

Apple смета дека одлуката на Европската комисија е неоснована, а компанијата во никој случај не предизвикала штета на корисниците.

„Денес Spotify има 56 отсто од европскиот музички стриминг пазар. Повеќе од двојно од најблискиот конкурент, а на Apple не му плаќа ништо за сервисите кои им помогнаа да станат еден од најпрепознатливте брендови во светот. Голем дел од успехот е поради App Store, заедно со сите алатки и технологија кои Spotify ги користи за да креира, надгради и да ја сподели својата апликација со Apple корисниците од целиот свет.“

вели Apple во своето соопштение.

Apple потсети дека иако Spotify не им плаќа ништо, соработувале да обезбедат апликацијата да функционира на Siri, CarPlay, Apple Watch. Spotify користи над 250 000 API од Apple кои овозможуваат нормална работа и алатки за тестирање без никаква надокнада. Дополнително компанијата тестирала и издала 421 верзија на апликацијата. Ова не е доволно и Spotify сака да ги промени правилата на App Store за повеќе да им одговараат, констатира Apple.

Компанијата Apple најави дека ќе ја обжали одлуката. Ова веројатно ќе значи долга судска битка.

Ова е прва одлука која Европската комисија ја носи против Apple. Сепак, во 2020 година Франција го казни Apple 1,1 милијарди евра за нарушување на конкуренцијата. Оваа казна по жалбата беше намалена на 372 милиони евра.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Nirvana Nevermind Album Cover
Read More
Судот ја враќа тужбата за Нирвана поради насловната страница на албумот „Nevermind“
Американскиот рок бенд Нирвана се враќа на суд поради иконската насловна страница на албумот „Nevermind“ со пливачкото бебе Спенсер Елден.