На 11 септември 2026 во Паркот на Франкофонијата во Скопје се одржа мини музички фестивал како дел од прославата на педесет годишнината од основањето на Општина Центар – Скопје.
Настанот именуван како „Нешто што ќе остане“ оваа година се одржува по четврти пат. И оваа година организаторот останува на истата линија што значи поддршка и промоција на македонската музика и домашните изведувачи.

Настанот го водеше Сашко Коцев кој во неговиот препознатлив стил ја забавуваше публиката помеѓу настапите на артистите.
Програма: Листа на изведувачи
Во програмскиот дел на настанот „Нешто што ќе остане 2026“ настапија пет домашни музички артисти:
- Слаткаристика (⭐главен изведувач⭐)
- 2 Бона
- Дупер
- Барбара Поповиќ
- Лина Пејовска
2 Бона, милениците на младата публика
Присутната публика што го исполни Паркот на Франкофонијата во Скопје, со воодушевување ја проследуваа најавата на секој од артистите што настапуваа. Сепак, впечатлив беше искрениот однос на група млади тинејџери кои примарно беа дојдени за настапот на 2 Бона. Тие беа во првите редови пред бината и беа најгласните во скандирањето на името на дуото 2 Бона повикувајќи ги на бина скоро на секој блок за најава на следниот артист.

Лирика со непристојни зборови но добри пораки кон младите
Дел од песните на Слаткаристика, особено оние од раниот период на неговата кариера содржат многу непристојни зборови. Дел од нив беа изведени и вечерта на „Нешто што ќе остане 2026“. Но она што беше впечатливо се добрите пораки што Слаткар кој во серија обраќања ги имаше особено до најмладите, а во пренесена форма тоа беа: немојте да пушите цигари, правете добри работи – лошите работи не се опција никогаш, имајте почит и сакајте сѐ.

Дупер: Сѐ подобар и подобар
Последниве 24 месеци Дупер ги интензивираа своите настапи и соработки со некои од најактуелните колеги на македонската музичка сцена. Некои од последните соработки се со Нокаут и со Слаткаристика. Беа гости на големиот концерт на Нокаут по повод 30 години постоење, а во јули 2026 го објавија заедничкиот сингл со Слаткаристика, „ОК“ за кој има и музичко видео.
Изведбата на Дупер на настанот беше одлична. Дупер станува сè подобар и подобар.

Очи и уши за детели
- Инструменталистите и Диџејот позади неговата опрема се заеднички за 2 Бона, Дупер и Слаткаристика што е уште еден сигнал и потврда за соработката помеѓу овие изведувачи. Соработките и на ова ниво се клучни за уште поголеми успеси во еднина.
- Дисторзираниот вокал на Слаткар звучеше прикладно со хард рок и на моменти хард кор адапцијата на неговите песни изведени вечерта.
- Одлично е да се чујат сите песни на изведувачите, но ќе беше за нијанса подобро времетраењето на настапите на секој од изведувачите да биде не подолг од чеетири песни.
- Во завршната фаза од настанот се појавија претставници од службата за одржување на хигиена кои поставија дополнителни канти за отпадоци со цел полесно да се собере отпадот создаден за време на настанот. Голем плус за организаторот на настанот и службата.
- Во пошироката површина пред бината – тревникот, е веќе сув поради горештините, веројатно и поради настаните што се одржуваат пред бината на која присуствуваат и многу луѓе. Прашината што се креваше не беше добар сојузник во убавите моменти на уживање во изведбите на артистите. Дополнителен напор за одржување на оава површина во подобра кондиција (одржување на тревникот) ќе го зголеми ужувањето во идните прослави.
- Како актуелен татко на Општина Центар – организатор на настанот, Горан Герасимовски очекувано беше да каже збор-два пред присутните. Ако веќе во првата реченица за говорот што следеше ја детерминираше неговата улога пред микрофонот како комшија и обичен жител на општината, немаше потреба од читање говор. Подобро ќе беше искрено комшиско обраќање и едноставна честитка до сите.
Во секој случај честитки и нему и на целиот организациски тим за реализацијата на „Нешто што ќе остане 2026“.
Галерија со фотографии од настанот






