На ден по денот на рударите, во сабота, на 29 август 2026 со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи 29. издание на Рудар рок фест. И оваа година фестивалската програма на Рудар рок фест 2026 ќе биде збогатена со третото издание на берзата на винили.

Рудар рок фест 2026 лајнап
Во музичката програма на фодинешното издание на фестивалот учествуваат:
- Алогиа (Србија)
- Power Surge (Меѓународен)
- Паркети (Македонија)
- Пепел (Македонија)
- Gray Noise (Хрватска)
- Мираж (Македонија)
Почетокот на овогодинешното издание е во 19 часот. Фестивалот ќе се одржи на Градскиот парк Пробиштип. Влезот е бесплатен.
Алогиа
Алогиа (Alogia) е познат српски прогресив / пауер метал бенд основан во 2000 година во Смедерево од страна на браќата Мирослав и Срѓан Бранковиќ. Бендот се смета за еден од столбовите на модерната српска метал сцена.
Power Surge
Power Surge е меѓународен хеви-метал бенд основан во 2024 година, со членови од повеќе различни држави. Издаваат за FHM Records, а деби албумот насловен „Shadows Warning“ го издадоа на 2 мај 2025 година.
Паркети
Паркети се култна рок/панк група од Битола, формирана во 1991 година од Сашо Паркет, Славе Паркет и Себастијан Паркет, а денес се препознатливи по своите енергични настапи во живо, специфичен изглед и изразена смисла за хумор.
Пепел
Македонскиот рок бенд „Пепел“ во 2020 година беше претставен во музичкиот серијал „Engage Kicks & Gigs“ на Радио МОФ. Бендот има настапи по скопски клубови како „Браво“ и „Вудсток“, изведувајќи претежно кавер-верзии на хитови од светската рок сцена. Неодамна го објавија својот сингл „4 Погони“ на ТВ емисијата Хит Мејкер.
Gray Noise
Gray Noise (често запишано и како Greynoise) е млад алтернативен/прогресивен метал бенд од Загреб, основан во 2023 година, кој комбинира темна, атмосферска звучност со тежки рифови, сложени ритми и емотивни вокали. Во јули 2024 година го издадоа деби EP‑то „Konnekt“, а потоа и сингловите „Choose“ (2025), „Timebomb“ (2026) и „Anima“ (2026), со што брзо се наметнаа како свежа сила на хрватската алтернативна метал сцена.
Мираж бенд
Мираж е млад рок бенд од Куманово, формиран на 1 мај 2024 година како училишен проект кој обединил ученици од неколку средни училишта. Нивната музика е спој на рок и македонски/екс-ју звук, а се претставуваат со кавер изведби на рок-метал песни, како и со сопствени авторски дела.
Трета берза на винили во Пробиштип
Берзата на винили ќе се одржи во меана Грош во Пробиштип од 12 до 17 часот.

Организаторот на Рудар рок фест, Александар Богатинов за изданието 2026 пред камерата на Види Вака.