Како звучи алтернативниот поп?

DrvoTruo промо во студиото на Шапат (Shapat) (превод: Шепот)

DrvoTruo (се чита Дрвотруо), кои се опишуваат себеси како „алтернативен поп“ изведувач, комбинирајќи различни музички влијанија, создава уникатно искуство за слушателите. Со повеќе од десет години постоење, групата има богата опус на авторски песни кои истражуваат различни теми и емоции. Оваа сесија во живо од Шапат (Shapat/Šapat) (превод: Шепот) дава преглед на нивната музичка виртуозност и енергија што е карактеристична за нивните настапи.

„Ние ја следиме работата на Шепот скоро од почетокот и искрено ни се допадна како модел на презентација на регионалната современа сцена што според нас недостасуваше. Моделот што ги поврзува бендовите, што им ги отвора патиштата и можностите за понатамошна соработка. Моделот кој е разголен од комерцијален аспект, ејџизам (стереотипи, предрасуди и дискриминација засновани на возраст), ретро елитизмот, моделот кој не вклучува сите нас учесниците во целиот процес. Драго ни е што нашиот ентузијазам, волја и ресурси се инвестираат директно или индиректно во еден мал фестивал во кој сите сме на истата бранова должина.“

Александар Липован, гитаристот на бендот.
DrvoTruo (Дрвотруо) промо во студиото на Шапат (Shapat) (превод: Шепот)

Тој исто така додава:

„Бевме почестени со тоа што бевме повикани, очекувавме професионализам од нив и го добивме. Секој сегмент од работата на Шапат е во најмала рака добар и многу често скоро врвен, во контектот во кој работат. Сите бендови што ги слушнавме, звучеа одлично, изгледаа одлично и што е најважно, беа промовирани на модерен и мултидисциплинарен начин.”

Александар Липован

Без оглед на тоа дали сте долгогодишен обожавател на состав на DrvoTruo или допрва ја откривате нивната музика, ова е можност да се поврзете со нивната креативност на нов начин.

„Ние навистина носиме прекрасни искуства од снимањата и ова е уште едно во серијата бендови што ги исполнија нашите очекувања во секоја смисла. Не е лесно да се преживее и да се создава преку десет години во ова турбулентно опкружување, како што е нашето и тоа дава уште поголема тежина на нашата приказна. Верувам дека преку оваа содржина, што ја создадовме заедно, бендот ќе дојде до поширока публика и дека ќе отвори нови врати и можности.“

рече Саво Костиќ од Шапат (Šapat)

Можете да го гледате целиот бенд, интервју, „Твојот звук“ и „Вашиот стих“ на каналот на Шапат (Shapat) Јутуб.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи