Скопје, 20 август 2026 – Музика нонстоп денес и виенскиот бренд на часовници 11и11 саат со гордост ја најавуваат својата соработка – специјален пакет кој ги спојува двете страни на македонската креативност: прецизноста и дизајнерскиот минимализам на часовникот 11и11 часовник и емоцијата на колекционерската маица „Знаеш каде да ме најдеш…“ на легендарниот македонски поп-рок бенд Нокаут.
11и11 саат („единаесет и единаесет“) е бренд основан од Македонецот Петар Кајевски во Виена. Часовниците се создадени во соработка со македонски дизајнери и носат уникатни детали – вклучувајќи и референци на македонскиот 7/8 ритам – додека остануваат уверенo различни, минималистички и полни со карактер.

Колекционерската маица „Знаеш каде да ме најдеш…“, достапна на nokaut.musicnonstop.today, е повеќе од обичен мерч. Создадена по повод трите децении континуирана работа на Нокаут, таа претставува физички спомен на една од најемотивните песни на бендот и на времето кое остави трага кај генерации слушатели.
Заедно, часовникот и маицата создаваат пакет кој ги поврзува дизајнот, музиката и македонскиот идентитет – идеален подарок за себе или за некого кој ги цени автентичните работи.
Повеќе детали за понудата и начинот на нарачка ќе бидат објавени наскоро. Следете ги 11и11 саат и Музика нонстоп денес за сите новости.