Мариголд бокс (Marigold Box) е италијански трибјут бенд посветен на легендарната гранџ група Нирвана (Nirvana). Овој бенд од Бергамо, Италија, се смета за еден од најдобрите Нирвана трибјут бендови во Европа. Нивниот настап е моќна и верна реконструкција на музиката на Курт Кобејн и Нирвана, со впечатливо шоу во живо кое трае повеќе од два часа.
Бендот ги изведува песните од целата кариера на бендот Нирвана, од суровите звуци на албумот “Bleach”, преку хитовите од “Nevermind”, па сè до последниот студиски албум “In Utero”. Вокалист е Лука Борм Тераци (Luca Worm Terzi), кој е исто така е гитарист во бендот Аниматроник (Animatronic).
Мариголд бокс се истакнува со својата автентичност, избегнувајќи костими и перики, фокусирајќи се наместо тоа на вистинската суштина на музиката на Нирвана. Нивната европска турнеја за 2025 година вклучува настапи во Германија, Швајцарија, Србија, Италија и Македонија.
Настапот на Мариголд бокс во Скопје е закажан за 22 февруари 2025 година во клубот Лабораториум, со почеток во 20:30 часот. Овој настан е дел од нивната европска турнеја и претставува одлична можност за љубителите на Нирвана да ја доживеат енергијата и духот на легендарниот бенд од Сиетл. Билет може да си набавите на веб сајтот drugastrana.mk и чинат 600 ден. Билетите купени на влез во Лабораториум ќе чинат 700 ден.