Андерфест 6: Македонска алтернативна музика

Шестото издание на музичкиот фестивал Андерфест (Underfest 6) е најавено за 1 ноември 2024 година. Underfest 6 и оваа година како и лани ќе се одржи во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

Овој музички фестивал расте од година во година и заслужува вниманите.

Внимателно одбрана музичка програма

Доколку се погледне програмата на претходното, петтото издание на Андерфест, па и сите останати наназад, може да се забележи дека таа е правена со големо внимание, а за мене лично и со многу вкус. Доколку сте добар познавач на македонската алтернативна сцена, за која немам дилема дали постои или не (се разбира дека постои), ќе може лесно да забележите дека изборот на бендовите е помеѓу квалитетот, подемот, актуелноста или новите музички изданија и се разбира личниот вкус што го рефлектира музичкиот сензибилитет на организаторот.

Оваа година, исто како и Underfest 5, музичката програма на фестивалот се состои од 6 македонски алтернативни бендови и изведувачи.

  • Миа Перевска
    Музичка автора, музичка продуцентка и пејачка која не ретко учествува како придружен вокал на проширениот состав на Нокаут, со кој на почетокот на годинава (2024) имаше и заеднички сингл, „Месечевиот сјај“.
  • Стефан Петановски
    Одличен гитарист кој сам го аранжираше и продуцираше неговиот албум „Ерос“ достапен за јавноста од март 2021.
  • The Mole Pack
    Одличен блуз-рок бенд кој во 2018 година го издадоа албумот „Gamblin’ man“. Одличен албум!
  • Foolish Green
    Стилски Фулиш грин се исклучително оригинални.
  • Fiction
    Одличен електро-рок бенд кој на 16 септември 2024 го објави синглот „Булевар“, одлично продолжение на претходните изданија од кое би го одвоил „Сега или никогаш“.
  • Basement Cult
    Интересен панк-рок бенд кој во 2021 година го објави албумот „Baselent Cult#1“.
Fiction – „Булевар“

Билети за Андерфест 6

Продажбаа на билетите е започната. Тие се продаваат во три фази:

  • првите 100 билети чинат 500 денари
  • до настанот цената е 600 денари
  • на влез билетите чинат 700 денари

Билет можете да си набавите на веб сајтот на МКЦ. Купете си билет, ставете потсетник за 1 ноември и посетете го овој настан.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *