Македонската уметница Калиопи го објави својот најнов албум, проект кој одбележува 40 години соработка со нејзиниот поранешен сопруг и долгогодишен текстописец, Ромео Грил. Албумот, едноставно насловен како „Албум“, содржи 10 песни, прикажувајќи спој на македонскиот и српскиот јазик.
Еден ден пред објавување на албумот Калиопи објави на својот профил на Фејсбук:
„Уште еден ден до новиот албум!
Напиша Калиопи на својот Фејсбук профил на 28 мај 2024
Дали сте возбудени?“
Една од најпознатите песни е дуетот „Знам“ со српскиот пејач Жељко Самарџиќ, кој веќе стекна значителна популарност. Фановите ќе ја препознаат и „Kad svane“, уште една претходно позната песна која е вклучена во оваа нова колекција.
Албумот воведува изненадувачка соработка со популарниот хип-хоп музичар Слаткаристика на песната „Казна“. Ова партнерство додаде нов, современ пресврт на албумот, при што уникатниот стил на Слаткаристика беше дочекан со голем аплауз за време на промоцијата на албумот.
Слаткаристи на својот профил на Фејсбук не го криеше своето задоволство и укажаната чест да соработува со Калиопи и како ко-автор на текстот за пепсната „Казна“ и изведувач да се запише во списокот учесници на албумот „Албум“.
Покрај споменатите нумери, албумот содржи песни како „Ела“, „Зошто“, „Погледај ме тажно“, „Парампарче“, „Во земјата на чудата“, „Дај ми парче душа“ и „Дај ми , Дај ми, дај“. Како дополнување на изданието, произведени и промовирани се шест спотови за новите песни.
„Албум“ не само што го слави плодното музичко патување, туку ја истакнува и трајната креативна синергија помеѓу Калиопи и Ромео Грил, ветувајќи дека ќе им понуди на долгогодишните обожаватели и на новите слушатели длабоко пријатно искуство.
Албумот е објавен на сите поголеми популарни сервиси за преслушување музика вклучително и Спотифај, Јутуб, Тидал, Амазон мјузик и Дизер.