Промоцијата на албумот „I“ на Миа Перевска најавена за 6 јуни

Миа Перевска

Албумот „I“ на Миа Перевска добива промоција на 6 јуни 2026 во Public Room, со почеток во 21:00, во вечер најавена како промоција и концерт. Најавите на нејзините официјални профили покажуваат дека изданието е веќе присутно во дигитална форма, а визуелниот идентитет на албумот е споделен заедно со листа на песни.

Она што веднаш го издвојува овој албум е неговата структура: „I“ отвора со „Нула врвови (интро)“, а потоа следуваат „V Сон“„Буда(м)“„Во 3 било кај“„Носи сѐ“„Држи ме ко небо“„Хиперсензитивна“„Без себе“, „Месечевиот сјај“ и завршува со „Теселат (аутро)“. Веќе објавените песни на Јутуб (YouTube) и другите платформи покажуваат дека дел од материјалот претходно бил пуштен како поединечни изданија, меѓу кои се и „В сон“, и „Носи сѐ“ со таа разлика што овие песни имаат сови албумски верзии.

Миа Перевска во последните години има континуирана авторска активност: на Apple Music се појавуваат нејзини синглови од 2021 до 2025 година, меѓу кои „В сон“, „Long Way“, „Redirection“, „Follow“, „Praise the Spells (Mia’s AI Version)“, „Stin Parajlija (feat. John Sarkanjac & Mia Perevska)“, „Носи сѐ“ и „Без себе“. Тоа зборува за авторка и изведувачка што постепено гради личен музички каталог и притоа ја задржува сопствената естетика препознатлива преку насловите и атмосферата што ја создаваат нејзината музика.

Музички продуценти на албумот се Миа и Раде Биковски, а музички автор е самата Миа.

Гости на албумот се гитаристот Ади Имери кој гостува на песната „Држи ме ко небо“ и Нокаут кој гостува на песната „Месечевиот сјај“.

Со „I“, Миа Перевска носи издание што се чита како заокружена целина, а не само како збир од синглови. Промоцијата на 6 јуни во Јавна соба (Public Room) во Скопје ќе биде првата голема прилика публиката да го слушне овој материјал во живо и да ја види новата фаза од нејзиниот музички развој.

Најавени гости на промотивниот концерт се Funk Shui, Disco Ninja, Аудио Цигла, Ади Имери и Пере Нокаут

Билетите чинат 400 денари и може да се набават онлајн.

Total
0
Shares
Related Posts