Наскоро ќе се одржи Евровизија за 2024 година. Тридневното шоу ќе можеме да го гледаме во мај. Првите полуфиналиња се на 7 мај и 9 мај. Финалето е во сабота, 11 мај 2024 година. На написот во кој пишувавме за статусот на балканските земји во ноември 2023 година ќе се надоврземе со овој. Прочитајте кои земји од Балканскиот Полуостров ќе присуствуваат на Евровизија 2024, кои изведувачи ќе настапуваат и каде можете да купите карти за финалната вечер.
Кои се балканските учесници на Евровизија 2024?
На Евровизија 2024 што ќе се одржи во Малме, Шведска, ќе настапат пет балкански земји: Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија. Поради парични проблеми, Северна Македонија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Романија, Косово, Турција и Црна Гора нема да настапуваат. Штета што нема да присуствуваат сите земји од Балканскиот Полуостров на Евровизија 2024, но сепак фановите треба да очекуваат возбудлив настан и без овие земји.
Кои изведувачи ќе ги претставуваат балканските земји?
Еве ги изведувачите кои ги претставуваат балканските земји на Евровизија 2024, вклучувајќи ги насловите на нивните песни, како и линковите на YouTube:
Земја | ??Изведувач | ?Песна |
---|---|---|
Албанија | Besa | Titan |
Хрватска | Baby Lasagna | Rim Tim Tagi Dim |
Грција | Marina Satti | Zari |
Србија | Teya Dora | Ramonda |
Словенија | Raiven | Veronika |
Албанија на Евровизија 2024
Беса Кокедима или Беса ќе ја преставува Албанија на Евровизија во 2024 година во Малме. Нејзината песна, „Titan“, беше избрана со гласање на пубиката на албанскиот музички фестивал Festivali i Këngës. Беса се занимава со музика од 2003 година и има многу популарни песни во Албанија. Таа учествуваше на Евровизија во 2009 година во Романија и победи на големо музичко натпреварување во Албанија во 2013 година. „Titan“ е посебна верзија на нејзината оригинална песна „Zemrën n’dorë“, која на Евровизија ќе ја пее на англиски јазик. Беса ќе настапи во првата половина од второто полуфинале.
Хрватска на Евровизија 2024
Претставник на Хрватска на Евровизија оваа година е Бејби Лазања со песната „Rim Tim Tagi Dim“. Оваа уникатна песна беше избрана на хрватскиот избор за песна на Евровизија „Дора“. Разиграните стихови на песната одразуваат безгрижно збогување, прифаќање на промените и патувањето кое следи во танцувачки ритам.
Грција на Евровизија 2024
Марина Сатиa, која ја претставува Грција на Евровизија во 2024 година, е позната по својот уникатен спој на грчки, арапски и балкански музички стилови лесно препознатливи во „Zari“. Таа е родена во Атина, израснала на Крит, а започнала да се занимава со музика уште од мала возраст. Таа ја стекна славата со нејзиниот хит „Mantissa“ во 2017 година. Марина, исто така, ја основаше женската акапела група Fonés и ја истражува светската музика преку различни проекти. Нејзината евровизиска песна „Zari“ ги прикажува нејзините различни влијанија и музички иновации.
Србија на Евровизија 2024
Теја Дора ќе ја претставува Србија на Евровизија во 2024 година со песната „Рамонда“, инспирирана од издржлив цвет, кој потекнува од Србија. Оваа песна го симболизира опстанокот и преродбата, истакнувајќи ја силата на српската армија за време на Првата светска војна.
Словенија на Евровизија 2024
Рајвен ќе ја претставува Словенија на Евровизија во 2024 година со нејзината песна „Вероника“. Рајвен е талентирана мецосопран пејачка, текстописец и харфистка позната по својата единствена умешност. „Вероника“ е интригантна песна, која го прикажува препознатливиот стил и музичката длабочина на Рајвен.
Каде можам да купам карти?
За последната вечер (11 мај), можете да купите карта на See Tickets.