Крстарење со „Monsters of Rock“ во 2024 година


Качувањето на брод во Мајами за спокојно крстарење до Јамајка и Бахамите можеби и не е типична асоцијација за рок и метал музиката. Сепак, токму тоа е атмосферата на „Monsters of Rock Cruise“ во 2024 година (еден од најголемите фестивали на рок музиката во САД) заедно со вистински музички мајстори. На ова фестивалско издание патниците можат да се забавуваат со повеќе од 30 хард рок бендови.

„Monsters of Rock Cruise“ се одржува секоја година на еден од крузерите на „Royal Caribbean“. Овогодинешниот настан ќе се одржи на крузерот „Independence of the Seas“. Гостите ќе имаат фантастична можност да поминат пет дена и четири ноќи на море со своите омилени музичари. Фестивалот се одржува по 12-ти пат.

Среќните патници се качија на луксузниот „Independence of the Seas“ и лудо се забавуваат. Лајнапот на „Monsters of Rock 2024“ гарантира легендарни свечености. На палубите ќе се слуша рок музика од гитарскиот виртуоз Џо Сатријани, Quiet Riot, The Darkness, Ace Frehley, Queensrÿche, Extreme и многу други. Настапуваат триесет и пет легенди, а тоа гарантира забавно патување. На минатите крстарења имало и легенди како Алис Купер, кој го презел кормилото на „бродот“, обезбедувајќи незаборавно искуство за сите присутни.

Меѓу големите уметници и музичари е бас гитаристката Џулија Лаге (Julia Lage), гостинка во четвртата епизода на поткастот Denim and Leather што ќе биде објавен во втората недела од март 2024 година.

Забавата ќе се одвива на палубата од крузерот, но и на неколку од најубавите песочни плажи во светот. „Independence of the Seas“ ќе застане во Очо Риос и Насау, две прекрасни пристаништа на Јамајка и Бахамите.

Комплетен лајнап на „Monsters of Rock Cruise 2024“

Организаторот на фестивалот тврди дека лајнапот за 2024 година е еден од најдобрите досега. Оставаме вие да пресудите за тоа. Но, претходно, еве го постерот со комплетниот лајнап на „Monsters of Rock Cruise 2024“.

Monsters of Rock Cruise 2024 lineup poster
Лајнап на „Monsters of Rock Cruise 2024“, со дозвола од „Monsters of Rock Cruise“

Рокери и металци, погледнете го нашиот рок и метал поткаст Denim & Leather.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи