Лајнчек 2023 лого

ЛАЈНЧЕК 2023: Мир, различност и инклузивност

ЛАЈНЧЕК 2023 се одржа од 21 до 25 ноември. Овој музички шоукејс фестивал (LINECHECK music meeting and festival) оваа година (2023) се одржа по деветти пат. Лајнчек се одржува на локацијата База Милано (Base Milano) во прекрасниот Милано, Италија.

Регионот Навигли (Navigli) во кој се наоѓа популарниот канал покрај кој има кафулиња и ресторани
Регионот Навигли (Navigli) во кој се наоѓа популарниот канал покрај кој има кафулиња и ресторани / 21.11.2023 / Милано, Италија / Фотограф: Васил Буралиев

Лајтмотивот на настанот ги содржи клучните зборови мир, различност и инклузивноста. На различен начин низ целата конференција провејуваше пораката да му се даде шанса на мирот. Акцентот за вредноста и силата во различностите беше дел од лајтмотивот на Лајнчек 2023. Повикот за инклузивноста особено на неправедно маргинализираните групи беше гласно изговорен и на сесијата со која беше отворен настанот (Many Kisses – Opening Session).

Воведна сесија на настанот / 22.11.2023 / Видео креирано од Васил Буралиев

Лајнчек 2023: Логичка организација

Лајнчек во неговите почетни години е конципиран врз основа на две логички компоненти. Еволуцијата и развојот на Лајнчек го носи последното издание (2023) до логичка организација (програмската организација на настанот) од четири основни компоненти:

? Состанок (Meeting)
? Шоукејс (Showcase)
? Фестивал (Festival)
? Вмрежување (Networking)

Состанок (Meeting)

Од сесијата за стратегијата на европската музичка експорт агенција.
Стратегија за експорт на европската музика (European Music Export Strategy) / Лајнчек 2023 / Локација: База Милано / Фотограф: Васил Буралиев

Состанокот се фокусира на професиите и динамиката што се развиваат во музичката индустрија со цел да се поттикнат иновативни идеи преку дијалог. Го опфаќа периодот од денот почнувајќи од утринското кафе до вечерта. Оваа логичка целина (Meeting) е претставена преку панел дискусии, презентации и интервјуа со професионалци од индустријата.

Шоукејс (Showcase)

За време на Лајнчек 2023, просторот La Capsula (се чита Ла Капсула) ќе биде домаќин на специјални изведби во живо со избрани уметници. Ла Капсула, функционира како аквариум од звуци, нуди перцепција од 360°. Овој уникатен простор во MusicRooms (посебен дел од просторот База Милано), служи и како студио за снимање и како пријатна просторија за изведување со звучно изолирани ѕидови, контролна соба, аудиториум со 60 седишта и иновативен 3D систем за звук. Оваа димензија на настанот им дава можност на новите и млади изведувачи и бендови да се претстави пред присутниот аудиториум од музички професионалци и ентузијасти.

Фестивал (Festival)

Оваа логичка целина е дефинирана преку лајнапот (lineup) од веќе етаблирани изведувачи кои имаа свои настапи во живо пред аудиториумот на настанот.

Вмрежување (Networking)

Димензија на настанот што стимулира градење врски и проширување на мрежата од познанства (вмрежување). Предвидените временски периоди од оваа логипчка целина предвидува реализирање средби помеѓу врсниците во музичката и креативната индустрија. Оваа димензија предвидува состаноци еден на еден со професионалци како издавачки куќи, агенти за резервации (booking agents), промотери и издавачи.

Музичко-технолошки стартапи

Преставници на стартапите и нивните ментори од HEMI 2023 программата / локација: Атина, Грција / Athens Music Week - мај 2023 / Фотографијата е пренесена од вебсајтот на HEMI музичкиот хаб
Преставници на стартапите и нивните ментори од HEMI 2023 программата / локација: Атина, Грција / Athens Music Week – мај 2023 / Фотографијата е пренесена од вебсајтот на HEMI музичкиот хаб.

Во рамките на овој фестивал свој простор имаа и делегатите на инкубаторските и акселератоските програми на HEMI (се чита ХЕМИ) и Music Tech Europ Academy (се чита: Мјузик теч јуроп академи). Дел од стартапите на HEMI и MTE Academy имаа можност да ги претстават своите деловни идеи што ја спојуваат технологијата и музичката индустрија.

Music Tech Europ Academy (MTE) спроведе истражување. Тие ги идентификуваа градовите во кои најмногу се раѓаат стартапите поврзани со музичката индустрија. Исто така, тие ги идентификуваа најзаинтересираните инвеститори (по град) за инвестирање во музички стартапи / Лајнчек 2023 / Фотограф: Васил Буралиев
Music Tech Europ Academy (MTE) спроведе истражување. Тие ги идентификуваа градовите во кои најмногу се раѓаат стартапите поврзани со музичката индустрија. Исто така, тие ги идентификуваа најзаинтересираните инвеститори (по град) за инвестирање во музички стартапи / Лајнчек 2023 / Фотограф: Васил Буралиев

Наградените и одбраните стартапи имаа можност да ги претстават своите идеи на Лајнчек 2023 пред подпрограмата на конференцијата пред аудиториумот во кој имаше и претставници од инвестициски фондови. Оние што имаа можност да ги претстават своите стартапи од HEMI програмата се следниве:

Презентирање на стартапот Scoremusic од Кристијан Нолвак (Kristjan Nõlvak) основачот на стартапот / Лајнчек 02023 / Фотограф: Васил Буралиев
Презентирање на стартапот Scoremusic од Кристијан Нолвак (Kristjan Nõlvak) основачот на стартапот / Лајнчек 02023 / Фотограф: Васил Буралиев


? Scoremusic (се чита: Скормјузик) – iPAD пликација за читање и прибележување на партитури преку кои музички листи во групи, како што се оркестри, хорови и ансамбли, се управуваат централно.

? StarRider (се чита: Старrајдер) – Напредна и модерна клауд (Cloud) апликација, која им овозможува на изведувачите и нивното нивниот менаџмент тим лесно да ги креираат своите рајдери (Rider).

? Jenius Jamtracker (се чита: Џиниусџемтракер) – Апликација за iOS која им помага на џез музичарите да практикуваат импровизација нудејќи музичка придружба од џез трио (тапани, бас и пијано).

Лајнчек 2023 - просторот во кој беа штандовите на музичките стартапи
Лајнчек 2023 – просторот во кој беа штандовите на музичките стартапи / Локација: База Милано / Фотограф: Васил Буралиев

Панел дискусиите на Лајнчек 2023

Темите што беа третирани на конференциската димензија од овој настан беа актуелни и различни. Впечатливи беа панел дискусиите за влијанието на музиката во одржувањето на основните вредности што се во основа на европската унија и генерално во европските земки. Програмскиот дел со панел дискусиите беше навистина богат и разновиден. Во оваа прилика ги одвојувам следниве неколку кластери теми што во моите очи се одвоија на конференцискиот дел од овој одличен настан.

Глобален вкус со локален зачин? Стапица и глокализација на музиката (Global taste with local flavor? trap and the glocalization of music) / Фотограф: Васил Буралиев
Глобален вкус со локален зачин? Стапица и глокализација на музиката (Global taste with local flavor? Trap and the glocalization of music) / Фотограф: Васил Буралиев

Музиката ја движи Европа

Оваа тема беше покриена преку неколку панел дискусии со претставка „Музиката ја движи Европа“ (Music Moves Europe). Се дискутираше за новините во европскиот музички екосистем и за помошта на идните таленти.

Музиката и технологијата

Дел од панел дискусиите беа посветени на теми што ги поврзуваат музиката и технологиите. Кога станува збор за модерната информациска технологија, неизбежна е темата на вештачката интелигенција (AI). Таа беше споменувана во различни контексти вклучително и начин на создавање музика со вештачката интелигенција но и персонализиран маркетин со помош на вештачката интелигенција.

Музичката програма на Лајнчек 2023

Музичкиот дел од програмата беше исполнета со настапите на околу стотина прекрасни изведувачи/артисти. Програмата беше организирана во две целини: фестивал и шоукејс. Од отварањето на музичката програма со Марта Салоњи (Marta Salogni) и Франческо Месина (Francesco Messina) на 21.11.2023 и атракцијата наречена Мефисто Брас (Mefisto Brass) кои имаа настап веднаш по завршувањето на овицијалното отварање на фестивалот. Во деновите на фестивалот настапија одлични изведувачи од кои јас би ги одвоил прекрасната Ава Вегас (Ava Vegas) и Систем Олимпија (System Olympia).

Фестивалот креираше плеј листа со пет часа музика – избор од изведувачите на настанот, што е одлична содржина за да се препознае сензибилитетот на уредниците на музичката програма на Лајнчек 2023. Воедно, плејлиста за ужување во амбиент во кој може да уживате со вашите пријатели.

Правеќе контакти со професионалци од музикчата индустрија на Лајнчек 2023

Бројот на професионалци, претставници на компании од музичката индустрија што проциркулира на овој настан е навистина ипресивен. Постоеше можност за контакт со луѓе од различните свери на музичката индустрија, од млади музички професионалци со свои стартапи во музичката индустрија (MixFlow) до претставници на големите продуцентски и издавачки куќи како Сони (Sony Music Publishing).

Заклучок за Лајнчек 2023

Лајнчек 2023 лајтмотив
Лајнчек 2023 лајтмотив

Одлично девето издание на Лајнчек оваа година (2023). Настан што се одржа од 21 до 25 ноември во Италија кој ги слави музиката, различностите и проследува порака за љубов и мир. Одлични денови за музичките ентузијасти за да разберат нешто ново и да научат за музичката индустрија. Простор и време во кое музичките професионалци може да се соберат на едно место за да се запознаат и да го разменат своето искуство, како и да започнат нови професионални приказни. Фентастична шанса за изведувачите и оние помладите и оние веќе етаблираните да ја покажат својата уметност во живо пред различен аудиториум во одличниот простор што го обезбедува База Милано (Base Milano).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи