Џими Бел, иноваторот на Шреднек

Џими Бел (Jimi Bell) (www.jimibell.com) е американски музичар, гитарист и композитор, познат по своите многубројни улоги, вклучително и улогата на иноватор на Шреднек (Shredneck).

Роден е на 31 јануари 1958 година во Манчестер, Конектикат, и развил страст кон музиката уште од детството. Љубовта кон музиката им ја прeпишува на своите родители кои додека бил дете му пуштале плочи за да заспие.

„Уште од најрана возраст знаев дека сакам да бидам музичар“.

вели Џими Бел во интервју за myampmusic.

Иако истражувал различни инструменти, на крајот се определил за гитарата. Бел е истакнат леворак гитарист. Ова го става во група со имиња како: Џими Хендрикс (Jimi Hendrix), Алберт Кинг (Albert King), и Пол Мекартни (Paul McCartney).

Во 1980-тите, Џими Бел се приклучил на бендот Joined Forces, кој бил дел од турнејата на Џоан Џет (Joan Jett). Оваа соработка исто така довела до неговото учество во филмот „Light of Day“. Во филмот Бел глумел и свирел во бендот „The Hunzz“, кој ја пруиджувал Џоан Џет.

Музички автор на песната „Master of Instanity“ од Black Sabbath

Во 1987 година, Бел се пријавил на аудицијата за гитарист во бендот на Ози Озборн (Ozzy Osbourne), но на бендот не се придружува тој туку Зел Вајлд (Zakk Wylde). Сепак, благодарение на оваа аудиција бил забележан од басистот Гизер Батлер (Geezer Butler). Фановите на хард рок и метал музиката веднаш го препознаваат името Гизер Батлер, басистот и текстописецот на бендот Black Sabbath. Џими Бел е дел од „The Geezer Butler Band“ (GZR) и „непотпишан“ автор на песната “Master of Insanity” од албумот на Black Sabbath „Dehumanizer“. Неговата кариера е обележана со соработки со многу познати музичари, вклучително и со Cannata, David Wayne и Thunderhead.

Актуелен гитарист на повеќе бендови

Од јули 2019 година, тој е соло гитарист на групата Autograph. Од 2005 е дел е од хард рок составот House of Lords.

Во моментов (февруари 2024) тој е гитарист и во групите Beyond Purple, Bottoms Up, Diamondback, Maxx Explosion, Rob Rock, Straight Shooter и Wicked Gypsies. Снима музика и за ESPN, NASCAR I WWE.

Од март 2020 Бел е член на Музичката куќа на славните на Њу Ингланд.

Што е Шреднек (Shredneck)?

Џими Бил е иноватор на музичката алатка Шреднек (Shredneck).

Шреднек (Shredneck) е едноставна алатка иновирана од Џими Бел која на гитаристите им овозможува да се „загреат“ и да вежбаат. Ги содржи првите седум прага од вратот на гитарата. Шреднек не е замена за инструментот. Жиците не се штимаат и во општ случај наменета е за правење вежби поврзани со вратот на гитарата. Може да се вежбаат акорди, музички скали, „two-handed tapping“. Најголема предност на овој изум е што е практичен и лесно пренослив, па може да се носи насекаде и набрзина да се отпакува и спакува.

Алатката е составена од врат со седум прага, глава со шест штимери и секако шест жици. Штимерите всушност функционираат, но нивната намена не е да се наштима уредот туку да се „намести“ затегнатоста на жиците. Достапни се неколки брендирани модели како Jimi Bell, Zakk Wylde и Jon Donais.

За разлика од другите алатки кои овозможуваат вежбање/загревање на прстите без инструмент, најголема предност на Shredneck е што е копија на инструментот. Секако ова не е изненадување со оглед на тоа дека Џими Бел и самиот е одличен гитарист кој знае што му е потребно.

Покрај гитарски моделот на Шреднек има верзија и за бас гитара.

Дали Шреднек е исплатлив?

Од она што можевме да го пронајдеме на веб, може да заклучиме дека ако често патувате и не можете да го носите инструментот (гитарата или бас гитарата) со вас, Шреднек е одлична алатка за вежбање. Толку е компактна што може да се користи и додека патувате во авион со не премногу комотни седишта. Сепак, не е замена за гитара.

Comment
byu/VariousTypesOfSoups from discussion
inGuitar

Интервју со Џими Бел на подкастот Denim & Leather

На наше огромно задоволство Џими Бел ја прифати поканата за интервју во втората епизода на подкастот “Denim and Leather” (во превод: Тексас и кожа) воден од извонредниот познавач на метал и рок музиката Урош Вељковиќ.

Ако овој текст ви го задржа вниманието, овој 90 минутен подкаст е наш предлог за следен чекор за да ја слушнете приказната на овој одличен гитариста.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Read More
„Знаеш ли?“ – Димиш
Dimish продолжува активно да објавува авторска музика, а со новата песна „Знаеш ли?“ го најави неговото ново ЕП „11.5: spero“.