Who See ја претстави насловната песна за филмот „Живи и здрави“

Црногорското хип-хоп дуо Who See ја претстави насловната песна за комедијата „Живи и здрави“. „Живи и здрави“ е ко-продукција во на повеќе држави во регионот, а поддршка даде и Филмската агенција на Македонија. Композитор на музиката е македонскиот џез гитарист и композитор Тони Китановски.

Живи и здрави – YouTube канал на Who See

Песната има исто име како и филмот и е инспирирана од комедијата. Автори на текстот за Живи и здрави се Who See. Битот е на Django Hi-Fi, а аранжманот е заеднички. Продукцијата е на Никола Рајовиќ од Beats per Montenegro.

Продукцијата на филмот е на Adriatic Western од Црна Гора. Ко-продуценти се Sense Production од Србија, Analog Vision од Чешка, Kinorama од Хрватска, Круг Филм од Македонија и Spok Film од Словенија.

„Многу ни е драго дека ја остваривме оваа соработка и дека на овој начин, како што најдобро знаеме ја поддржуваме домашната кинематографија. Креативците имаат потреба од вмрежување и се надевам дека ова е прв резултат на долгорочна соработка помеѓу Иван и нас. Беше забавно искуство. Мислам дека дел од оваа енергијата ја пренесовме и на слушателите. Успеавме да ја исполниме нашата задача и ни останува единствено да се гледаме во и кино салите.“

вели Дејан Дедовиќ Деда.

Покрај агенцијата за филм на Северна Македонија, филмот беше поддржан и од: Филмскиот центар на Црна Гора, Општината Херцег Нови, Филмскиот центар на Србија, Филмскиот фонд на Чешка, Аудиовизуелниот центар на Хрватска, Словенскиот филмски центар, Радио-телевизија на Црна Гора, Eurimages, Creative Europe MEDIA и See Cinema Network.

Кои се Who See, авторите на „Живи и здрави“

Who See е црногорско хип-хоп дуо составено од два талентирани артисти: Дејан Dedduh Дедовиќ (познат и како Деда) од Котор и Марио Noyz Џорѓевиќ од Херцег Нови. Заедно ја формираа групата во раните 2000-ти години и ја снимија својата прва демо песна насловена „Дим по дим”. Нивната музика има караткеристичен звик и го спојува хип-хопот со црногорскиот стил, создавајќи уникатен звук.

Една од нивните познати песни е “Reggaeton Montenegro”, која ја изработија во соработка со Rhino. Who See ja претставуваa Црна Гора на Евровизија 2013 во Малме, Шведска, со песната „Игранка“.

На крајот на 2023 година беа актуелни со соработката со Едо Мајка на песната „Нема појаки“ (Nema jačih).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи