Гриндеј (Green Day) го најавија албумот „Сејвиорс“ (Saviors)

Култната американска рок група од деведесеттите Green Day (се чита Гриндеј) се враќа во 2024 година со албумот „Saviors“ (се чита Сејвиорс; превод: Спасители) и промотивна турнеја. „Сервијорс“ на Гриндеј е 14 (четиринаесетти) студиски албум на групата и ќе биде достапен од 19 јануари 2024 година. Групата веќе најави и промотивна турнеја.

За албумот членовите на Гриндеј по првпат во десет години повторно ги здружија силите со продуцентот Роб Карваљо.

„Никогаш не сме биле повозбудени да објавиме нова музика од Saviors, албум која треба да не размрда во живо, заедно. Па да започнеме. Имаме некои неверојатни пријатели кои доаѓаат со нас на ова патешествие.“

објавија Гриндеј

Обожавателите веќе може да ги преслушаат првите два сингла од албумот „The American Dream Is Killing Me“ и „Look Ma, No Brains!“. Двете песни го имаат препознатливиот звук на Гриндеј. Очекувањата се дека препознатливиот звук на Гриндеј ќе го има и во останатите песни на албумот „Севијорс“, мелодичен панк-рок стил со весели мелодии и одлични социјално-ангажирани текстови.

Гриндеј веќе ја објави листата на песни од албумот Сејвиорс. Албумот ќе има 15 песни од кои четрнаесеттата го носи називот на албумот. Албумот е веќе пуштен во претпродажба и го има на три посебни носачи на звук, ЦД, плоча и касета.

Савиорс (Saviors)

Green Day 2024 Saviors

01 – The American Dream Is Killing Me
02 – Look Ma, No Brains!
03 – Bobby Sox
04 – One Eyed Bastard
05 – Dilemma
06 – 1981
07 – Goodnight Adeline
08 – Coma City
09 – Corvette Summer
10 – Suzie Chapstick
11 – Strange Days Are Here To Stay
12 – Living In The ’20s
13 – Father To A Son
14 – Saviors
15 – Fancy Sauce

ЦД / плоча / касета

Гриндеј Савиорс турнеја 2024

Турнејата на Гриндеј ќе биде промоција на албумот „Сејвиорс“, а воедно и одбележување на 30 години од издавањето на „Dookie“ и 20 години од издавањето на „American Idiot“. По овој повод е направено и ново издание на легендарниот албум „Dookie“ насловено како „Dookie 30th Anniversary“ кое го има и во ЦД и во плоча варијанта.

Турнејата започнува со концерт во Монте де Гозо во Шпанија на 30 мај 2024. Групата во Европа има настапи и во Франција, Германија и Италија. По ова се селат во Обединетото Кралство. Во Европа и Обединетото Кралство настапуваат со Nothing But Thieves, The Hives, Donots, The Interrupters и Maid of Ace. Европската турнеја завршува на 29 јуни со настап на Вембли во Лондон.

Еден месец подоцна со настап во Вашингтон на 29 јули 2024 започнува американската Green Day 2024 Saviors турнеја. Турнејата на Гриндеј за промоција на албумот „Сејвиорс“ во Канада и САД ќе има 27 концерти и ќе трае од 29 јули до 28 септември. Во Северна Америка Гриндеј ќе настапуваат со Smashing Pumpkins (се чита Смешин Пампинс), Rancid и Linda Lindas.

Европа

(*) = настап на фестивал

📅 мај 2024 година
[30] Монте до Гозо, Шпанија – O Son do Camino*

📅 јуни 2024 година
[01] Мадрид Шпанија – Road to Rio Babel*
[05] Lyon Decines – LDLC Arena – со The Interrupters
[07] Нирнберг Германија – Rock im Park*
[08] Нирбургринг Германија – Rock am Ring*
[10] Берлин Германија – Waldbühne
[11] Хамбург Германија – Trabrennbahn Bahrenfeld
[15] Интерлакен Швајцарија – Greenfield Festival*
[16] Милано Италија – I Days – Hippodrome La Maura*
[18] Париз Франција – Accor Arena
[19] Арнем Холандија – GelreDome
[21] Манчестер Обединетото Кралство – Emirates Old Trafford
[23] Isle of Wight Обединетото Кралство – Isle of Wight Festival*
[25] Глазгов Обединетото Кралство – Bellahouston Park
[27] Даблин Ирска – Marlay Park
[29] Лондон, Велика Британија – Wembley Stadium

Северна Америка

(*) – настапи со Rancid и The Linda Lindas (без Smashing Pumpkins)

📅 јули 2024 година
[29] Вашингтон, ДЦ – Nationals Park

📅 август 2024 година
[01] Торонто, Онтарио – Rogers Centre
[03] Монтреал, Квебек – Osheaga Music and Arts Festival
[05] Њујорк, Њујорк – Citi Field
[07] Бостон, Масачусетс – Fenway Park
[09] Филаделфија, Пенсилванија – Citizens Bank Park
[10] Херши, Пенсилванија – Hersheypark Stadium
[13] Чикаго, Илиноис – Wrigley Field
[15] Сент Луис, Мисури – Hollywood Casino Amphitheatre!
[17] Минеаполис, Минесота – Target Field
[20] Канзас Сити, Канзас – Azura Amphitheatre *
[22] Синсинати, Охајо – Great American Ballpark
[24] Милвоки, Висконсин – American Family Field
[26] Шарлот, Северна Каролина – PNC Music Pavilion *
[28] Атланта, Џорџија – Truist Park
[30] Нешвил, Тенеси – Geodis Park

📅 септември 2024 година
[01] Питсбург, Пенсилванија – PNC Park
[04] Детроит, Мичиген – Comerica Park
[07] Денвер, Колорадо – Coors Field
[10] Остин, Тексас – Germania Insurance Amphitheater *
[11] Арлингтон, Тексас – Globe Life Field
[14] Лос Анџелес, Калифорнија – SoFi Stadium
[18] Феникс, Аризона – Chase Field
[20] Сан Франциско, Калифорнија – Oracle Park
[23] Сиетл, Вашингтон – T-Mobile Park
[25] Портланд, Орегон – Providence Park
[28] Сан Диего, Калифорнија – Petco Park *

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи