Рендом (Random) го претстави својот нов албум „Оригано“. Раперот е еден од најпопуларните музичари во Црна Гора, а перидов е и еден од најактивните. Албумот „Оригано“ од Рандом беше објавен на 29 ноември 2023. На негово издавање работеше со продуцентското дуо Knowhere2run.
На албумот има 16 нови песни. Публиката веќе имаше можност да ги слушне сингловите „Blue Dream Sativa“, „Proba’“ и „Ispred Kina Kulture“. Продукцијата на изданието, аудиомиксот и мастерингот се изработени во студиото Knowhere2run.
Оригано може да се преслуша на сите платформи Youtube Music, Tidal, Spotify, Deezer, сите кои сакаат да го поддржат Рендом можат да го купат албумот на Bandcamp.
„Оригано“ означува ново поглавје во кариерата на Рендом, претставувајќи извонредно тврд, но мелодичен и емотивен албум, на кој Рендом се издвојува со својата автентична лирика збогатени со уникатни рими и тек на свеста.
Секоја песна со себе носи длабоки емоции и раскажува своевидна приказна, а Рендом на уникатен начин успева да ги пренесе своите мисли низ овој музички проект.
Неговата способност низ мелодија и текст да изрази комплексност од различен тип го прави „Оригано“ не само музичко искуство, туку и длабоко емотивно патување за слушателите.
Овој албум носи автентичен спој на талент, страст и креативност, а елоквентноста и оригиналноста на Рандом ја збогатуваат секоја песна во оваа импресивна колекција. Преку субкултурниот израз, овој албум претставува значаен придонес за современата независна музичка и културна сцена.
Гости на албумот се Џуро Франета (Đuro Franeta), Роналдо Максимум (Ronaldo Maximum) и Who See. Учествуваа и Стефан Павличевиќ (Stefan Pavićević) на саксофон и Милица Дивановиќ (Milica Divanović) како вокал. Во реализацијата на проектот учествуваа и Организацијата за заштита на авторските права на музичарите во Црна Гора и Никола Рајовиќ (Nikola Rajović / Beats Per Montenegro).
Рендом веќе претстави три музички видеа од албумот „Оригано“. Тоа се музички видеа за песните „Blue Dream Sativa“, „Proba“ и „ Ispred Kina Kulture“.
Рендом веќе има 5 изданија како дел од рап дуото „Џеј Џеј Окоча“. Самостојно издаде 3 проширени (EP) изданија. По „Еве види“ (Eo Viđi), Оригано е негов втор студиски соло албум.