Победничката на Макфест во 2003 година, Бојана Атанасовска-Скендеровски неодамна напиша објава на својот Фејсбук профил во која најавува три големи проекти за неа во престојниот период. Со ова таа ги откри нејзините клучни проекти за професионалните планови за 2025 година.
Песната „Зад завесите“ (2022) означи нејзино враќање на музичката сцена по подолга пауза. Во 2023 и 2024 година беше своевиден носител на проектот „Македонијо во срце те носиме“, а еве сега (февруари 2025) најавува три големи проекти за нејзе.
„Можеби изгледа дека не сум многу активна во овој период, но со задоволство можам да најавам три големи нешта на кои работиме во овие неколку месеци…“
Објави Бојана на својот Фејсбук профил на 21 февруари 2025 година.
Второто продолжение на „Македонијо во срце те носиме“
Бојана најавува нова серија на настапи и концерти под проектот „Македонијо во срце те носиме“.
„Македонијо во срце те носиме” е музички проект започнат во 2023 година и содржи 12 преработки на македонски родољубиви и патриотски песни, изведени од 12 етаблирани македонски изведувачи. Проектот има за цел да ги зачува и актуелизира убавите македонски патриотски песни, особено меѓу младата публика. Ние би додале дека овој проект има одличен предуслов за збогатување на музичката програма на македонската дијаспора која ја сака македонската песна.
Нов албум на Бојана најавен за 2025 година
По издавањето на албумит „Целосно ти припаѓам“ (2005) и „Во дилема“ (2008), во првиот квартал на 2025 година таа го најавува својот трет албум.
„Мојот нов албум кој ќе излезе оваа година на кој неуморно работиме со Маестро Николче Мицевски.“
Бојана на својот Фејсбук профил.
Како музички автор на албумот таа го најави композиторот Николче Мицевски, еден од значајните домашни музички автори во последниве 10 години. Човекот што ја направи музиката за албумот „Македонско девојче 2“ за Каролина Гочева, што е своевиден пресврт во кариерата на популарната македонска пејачка. Ќе си дозволам да додадам лична проценка дека овој албум на Каролина е нејзино најуспешно издание по одличната увертира што ја направи Златко Ориѓански преку учеството како музички автор на албумот „Македонско девојче“.
Публиката со сензибилитет што резонира со музичката естетика создадена од Мицевски олицетворена во „Македонско девојче 2“, „Мајка“ на Некст Тајм (Next Time), „Нова ера“ – албум на Никочке Мицевски, „Една љубов имам“ од Ѓоко Танески, треба да очекува уште еден албум во низата музички дела на Мицевски, кои со задоволство ќе го слушаат во различни прилики и услови.
Солистички концерт во декември 2025
Бојана го најави својот солистички концерт во Македонската филхармонија за 6 декември 2025. И покрај тоа што датумот на најавениот концерт е далеку, не очекувана практика за домашни услови, убаво е да се види посветеност од домашен изведувач ветување со најава за солистички концерт во најава дури 10 месеци однапред. Тоа за енергијата на пејачката, нејзината посветеност и решителноста таа да реализира уште една активна и плодна музичка година.
За дополнителни информации препорачувам следење на пејачката преку следење на нејзините профили на Фејсбук, Јутуб и Инстаграм.