Дистровид: Платформата за дистрибуција на музички видеа што уметниците треба да ја знаат

Дистровид - дистрибуција на музички видеа

Дистрибуцијата на музички видеа стана составен дел од стратегијата за промоција на уметникот во дигиталната ера. Музичките видеа се чиста уметност и се меѓу најмоќните алатки за брендирање, ангажирање на публиката и генерирање приходи. Модерните времиња носат и нови навики на консумирање музика во кои често се напуштаат традиционалните канали. Подобрата дистрибуција на музички спотови отвора повеќе патишта до постојната и новата публика како и овозможување профитабилност на изведувачот.

Дистрокид (🛒) (DistroKid), во изминатите години, изгради дополнителни производи како Миксеа (Mixea) и Дистровид (🛒) (DistroVid) што нуди интегрално решение погодно особено за несависните/самостојни уметници.

Миксеа е алатка за мастеринг на песна со помош на вештачка интелигенција која обезбедува брзо и лесно обработување на песна до финална верзија спремна за дистрибуција до крајните дестинации.

Дистровид нуди дистрибуција на музички видеа со целосна услуга дизајнирана специјално за музичари. Лесната дистрибуција до Вево (Vevo), Епл мјузик (Apple Music) и Тидал (Tidal) создава лесен начин за изведувачите да ги испраќаат своите музички видеа на овие популарни платформи. Уникатните карактеристики го прават Дистровид водечки избор за подобрување на визуелното присуство и приливот на приходи во денешната конкурентна индустрија.

Што е Дистровид?

Дистровид обезбедува услуги за дистрибуција на музички видеа и го олеснува споделувањето видео содржини низ главните платформи. Покрај постоњето на изборот за традиционална музичка дистрибуција, овој сервис се фокусира исклучиво на музички видеа, дозволувајќи им на уметниците да ги дистрибуираат своите видео содржини за песните на најпознатите платформи, како што се Вево, Епл Мјузик, ТикТок Мјузик (TikTok Music), Бумплеј (Boomplay) и Тидал. На тој начин, овој фокус обезбедува ефикасност за уметниците кои сакаат да го зголемат своето присуство на клучни платформи специјализирани за видео содржини.

Сепак, она што навистина го разликува Дистровид е моделот базиран на претплата. Уметниците плаќаат паушална стапка за неограничени прикачувања на видеа, така што нема дополнителни трошоци за постојано објавување видеа. Второ, Дистровид ги прилагодува своите приходи во корист на уметникот кој ќе има корист со задржување на 100% од приходите што ги остваруваат неговите видеа, што може да биде примамливо за независните уметници и етикети (lables).

Зошто би го избрале Дистровид за дистрибуција на музички видеа?

Следнава листа ги содржи предностите што ги нуди Дистровид за уметникот да го максимизира досегот и приходите од музичките видеа:

  • 100% задржување на приходите
    Уметниците не губат ниту еден дел од приходите што доаѓаат од нивните музички видеа (музички спотови).
  • Неограничени поставувања
    Претплатникот добива неограничени прикачувања видеа без дополнителни трошоци, што е идеално за оние што често создаваат музички видеа и независните етикети (indipendant labels) кои сакаат едноставно да го прошират својот видео каталог.
  • Лесен за употреба
    Дистровид е дизајниран и изграден за да биде лесен за употреба, обезбедувајќи директен систем за воспоставување и управување што ја отстранува главоболката од техничките работи за уметникот.
  • Бесплатни опции и можност за проба
    Дистровид обезбедува економски прифатлива разновидност на бесплатни опции и проби кои би им овозможиле на корисниците да проверат што има оваа платформа што би им користело.
  • Широк досег на платформата
    Дистровид дистрибуира музички видеа на Виво, Епл Мјузика, ТикТок мјузик, Бумплеј и Тидал, дозволувајќи им на уметниците да допрат до разновидна публика низ овие популарни страници за стриминг (прегледување видеа).

Овие поволности го прават Дистровид примамлив избор за секој изведувач кој бара скалабилна дистрибуција на музички видеа фокусирана на приходи, која поддржува чести изданија и е лесна за навигација.

За кого е наменет овој сервис за дистрибуција на музички видеа?

Дистровид е одлично решение за изведувачи кои сакаат флексибилна дистрибуција на музички видеа за максимизирање на приходите. Особено привлечен за независните/самостојните изведувачи и етикети (labels) кои сакаат да го постават или зголемат своето присуство на видео содржина, обезбедува неограничени прикачувања со фокус на контролата на изведувачот и целосно задржување на приходите.

Ова значи дека со Дистровид, секој сериозен играч кој сака да ја искористи моќта на музичките видеа може да биде на врвот на конкуренцијата со тоа што ќе ја направи дистрибуцијата на видеата едноставна и фокусирана на изведувачот.

Започни со користење на Дистровид

Подготвени да започнете? Еве брз водич чекор-по-чекор за да започнете со користење на Дистровид:

  • Регистрирајте се: Посетете ја веб-страницата на DistroVid (🛒) и креирајте корисничка сметка (user account).
  • Избор на претплата: Со најавувањето ја избравте претплатата (🛒) за да го користите системот според вашите потреби.
  • Изберете платформи за дистрибуција: Изберете ги понудените платформите за дистрибуција за објавување на вашето видео.
  • Поставете го вашето видео: Користете ја контролната табла за прикачување музички видеа, ставање информации за видеата како наслови, описи и разни ознаки.
  • Прегледајте и објавувајте: По финализирањето на деталите, стартувајте го процесот за дистрибуција на вашето видео.

За да го максимизирате вашето искуство, искористете ги предностите на понудените алатки за аналитика. Следењето на перформансите на секоја платформа ви помага да ги приспособите вашите идни изданија и подобро да ги разберете преференциите на вашата публика.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи
Nirvana Nevermind Album Cover
Read More
Судот ја враќа тужбата за Нирвана поради насловната страница на албумот „Nevermind“
Американскиот рок бенд Нирвана се враќа на суд поради иконската насловна страница на албумот „Nevermind“ со пливачкото бебе Спенсер Елден.