„Yours Sincerely, HEART CORE“, деби албумот на Агни Авшар

Agni Avshar - Yours sincerely, heart core - омот на албум

Агни Авшар (Agni Avshar) го најави издавањето на нејзиниот диби албум „Yours Sincerely, HEART CORE“ за 15 август 2024.

„Со мнооогу љубов ви го поклонувам мојот деби студиски албум! На него работевме повеќе од 2 години, а идејата е уште постара.“

Објави Авшар на нејзиниот Фејсбук профил.

По нешто повеќе од две години откако беше објавена песната „Сознавам“ на Авшар и препевот на песната „Една Еми“ која во оргинална изведба премиерно ја отпеа Тања Кочовска на Макфест 1987, Агни ја најави промоцијата на албумот кој ќе биде објавен во 8:30 часот на Јутуб (YouTube) и останатите популарни платформи за преслушување музика.

Од седум песни, колку што ќе се најдат на албумот, пет се отпеани на пет различни јазици. Песните што ќе се најдат на овој албум се „Еден бакнеж“ (препев на препознатливиот македонскиот евергрин), „Historia de un amor“ (превод од шпаниски: Приказна за една љубов), „Vincent (starry, starry night)“ (превод од англиски: Винсент (ѕвездена, ѕвездена ноќ)) , „Les Feuilles Mortes“ (превод од француски: Мртви лисја), „Perhaps, perhaps, perhaps (Quizas)“ (превод од каталански: Можеби, можеби, можеби (прашања)), „L’appuntamento“ (превод од италијански: Назначувањето), „Autumn leaves“ (превод од англиски: Есенски лисја).

Автор на аранжманите е Владимир Димовски. Виолините се отсвирени од Владимир Цветковски, а за звуците на виолата се погрижила Кристина Стојановска. Љупчо Милевски и Кирил Јосифов биле задолжени за звуците на виолончелото, а за контрабасот и бас гитарата бил задолжен Кристијан Кожумановски. Како клавијатуристи се потпишуваат Иван Еминовиќ и Бојан Димитровски. Како тапанар се потпишува Павел Ренџов. За звукот на сопран саксофонот се погрижил Петар Христов. Прекрасните фотографии за омотот на албумот се направени од Дарко Мораитов, а дизајнот е на Дејан Величковиќ.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи