Анемои - Вајбин вит Диџеј Моно / youtube cover

АНЕМОИ е прв сингл на „Вајбин вит Диџеј Моно“

Црногорскиот проект Vibin wit DJ Mono (се чита: Вајбин вит Диџеј Моно) го претстави својот прв сингл АНЕМОИ (ANEMOI). Издавач на синглот е Beats per Montenegro.

„Станува збор за хардкор рап песна која го слави женскиот глас. За прв пат во Црна Гора четири раперки се собрани на иста трака. Френетичниот бас и едектната испорака на текстот е карактеристична за овој сингл додека се реализира јасно изразената потреба да се удри со тупаница на масата, и да се обработат за жал постојано актуелни теми од кои страда денешницата.“

велат од Beats per Montenegro

АНЕМОИ е соработка на повеќе жени и девојки  раперки со тимот од Knowhere2run. Вокалите и текстот се на Џулија Перишиќ (Đjulija Perišić), Сара Кургаш (Sara Kurgaš), Снежана Никчевиќ (Snežana Nikčević), Бојана Петровиќ (Bojana Petrović), Марија Божовиќ (Marija Božović), и Никола Рајовиќ (Nikola Rajović).

„Со асистенцијата на Марије Божовиќ на рефренот, добивме колаборација од повеќе генерации на црногорската рап школа, така Labia (честа соработничка на Who See) и Apro разменуваа рими со сè поприсутните претставници на најновата генерација кои доаѓаат со имињата: Јутро и Кургашијан.“

Музиката за песната ја напишаа Тодор Тадиќ (Todor Tadić) и Никола Рајовиќ (Nikola Rajović), а на аранжманот соработуваа со Марко Чачиќ (Marko Ćaćić). Аудио записот е снимен во Knowhere2run и Verandabeatz. Аудио-миксот и мастерингот се на Knowhere2run.

ANEMONI има и супер интересен видео запис изработен од Atomic production, во режија на Иван Чојбашиќ (Ivan Čojbašić).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи