Оливер Ентони ја најави својата прва светска турнеја

Oliver Anthony Tour 2024

Виралната сензација, музичарот Кристофер Ентони Лунсфорд (Christopher Anthony Lunsford), попознат како Оливер Eнтoни (Oliver Anthony) ја најави својата светска турнеја. За музичарот кој речиси прекуноќ се здоби со светска слава, ова ќе биде прва светска турнеја, а за оваа цел по прв пат поднел документи за пасош. Најголем дел од концертите се во САД, но дел се во Шведска, Норвешка и Обединетото Кралство.

Оливер Ентони се прослави со песната „Rich Men North of Richmond“ (превод: Богатите луѓе северно од Ричмонд) и без сомневање музички ќе ја одбележи 2023 година. Црвенобрадиот пејач не само што е номиниран за 2 награди (врвен изведувач за продажба на песна, најпродавана песна) на Billboard Music Awards, туку е и првиот машки изведувач кој истовремено има 13 песни во Top 50 според дигиталната продажба. Овој досегашен успех на Оливер Ентони најавува и успешна турнеја.

„Беше предизвик да разберам која е мојата цел и што да направам со шансата (opportunity) која ми е дадена. Не заслужувам ништо од ова.

Во 2024 година, чувствувам обврска да се поврзам со други изгубени души како мене. Луѓе кои се борат со зависностите, депресијата, долговите, разводот. Оние кои се оданочуваат до смрт, но се игнорирани… Работничките семејства и средната класа кои не можат да напредуваат затоа што системот напредува на нивна сметка.“

вели Кристофер

Само „Rich Men North of Richmond“ има над 200 милиони преслушувања на повеќе различни платформи за преслушување/стриминг, вклучувајќи го тука и Јутуб (YouTube). Ако на ова ги додадеме и реакциите на песната којзнае до која бројка ќе стигнеме. Дури 5 од песните на Ентони се на iTunes топ 10 листата.

Прва турнеја на Оливер Ентони надвор од САД

За Кристофер ова не само што е прва турнеја надвор од  САД, како што вели во интервју за Billboard ова е ретка прилика во која ќе патува надвор од Југоисточниот дел на САД.

Турнејата започнува на 1 февруари 2024 година.

  • Стокхолм, Шведска (1 февруари 2024)
  • Осло, Норвешка (2 февруари 2024)
  • Утрех, Холандија (5 февруари 2024)

По овие настапи Оливер Ентони се сели во Обединетото Кралство за неговата прва светска турнеја да продолжи таму. Настапите во Обединетото Крелство ќе бидат во Глазгов, Манчестер, Лондон и Белфаст. Последниот концерт надвор од САД ќе го одржи во Даблин, Ирска. Од 21 февруари турнејата се сели во САД. Тука ќе одржи 34 концерти. Турнејата завршува на 13 септември 2024 во Алеган, Мичиген.

Билетите за турнејата од 17 ноември (петок) се пуштени во продажба.

Што се однесува до остатокот на музичката кариера на Оливер Ентони, се чини дека и 2024 ќе биде одлична година за него и најавената турнеја. Веќе е најавен неговиот деби албум кој ако нема промени може да го очекуваме на почетокот на 2024 година. Она што е сигурно за албумот е дека автор на сите песни на албумот ќе биде единствено Ентони. Иако Нешвил важи за „главен град“ на кантри музиката, Ентони ќе го сними својот албум во студио во Џорџија.  

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи