На 22 октомври „Blackslate“ ја претстави новата верзија на песната „The Arsonist“. Станува збор за едно суптилно адаптирање на оргиналот за потребите на објава на песната како сингл со видео илустрација (видео спот). Ремиксот се вика „The Arsonist (Single Remix)“.
Оргиналната песна „The Arsonist“ е нумера која е дел од проширеното издание (EP) кое излезе на почетокот на минатата година и се вика „While the World’s on Fire“.
Blackstate е самостоен проект на Филип Тасевски – Fitz. Тој е учесник во повеќе музички состави во минатото. Тасевски учествуваше во бендот „Нема лабаво“ како гостин, додека негови бендови биле „Новиот почеток“, „Astrolungs“ и Retro Cabaret. На последните изданија тој покажува дека освен во панк-рок жанрот, има интерес како музички автор и во електронската музика. Тој е комплетен автор на „The Arsonist“. Покрај музиката, текстот, вокалите и аранжманот, Тасевски е автор и на аудиомиксот и на аудиопродукцијата на песната. Пост продукцијата на „The Arsonist (Single Remix)“ е на Ивица Јанкуловски – Шраф.
За песната има и видео спот кој го привлече вниманието и на блогот за македонска архитектура – МАРХ.
Оваа недела во етерот се појави новиот музички спот на песната The Arsonist. Како сценографија е искористен впечатливиот ентериер на хотелот Дрим во кој Blackstate не води на одново откривање на архитектонската динамика што овој простор ја поседува.
Текстот е превземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.