По синглот „Месечевиот сјај“, Миа Перевска, позната по својата умешност при созвање музика успешно да ги обединува популарниот и алтернативниот стил, на 17 октомври 2024 година во уметничкиот центар Лабораториум во Скопје одржа промоција за нејзиниот најнов сингл „Носи се“. Настанот им понуди на присутните прв поглед на придружното црно-бело музичко видео за песната, како одраз на уметничкиот допир на Перевска.
Иако деталите остануваат загатка, Миа сподели дека и песната и спотот се уште не се планирани за јавно објавување. Песната е посветена на сите бивши, како што рече Миа заблагодарувајќи им се на сите што во изминатиот период биле тука за нејзе, кој таа го окарактеризира за многу тежок период од нејзиниот живот.
Миа Перевска – Земјотрес 11 (4 февруари 2011) – фотограф: Васил Буралиев – извор: од архивата на ВБУ Музички регистар на Фликр (Flickr)
Овој проект се вика „Носи се“ и го работев пола година. Најтешка пола година во мојот живот како што некои од вас знаат. Фала ви за неизмерната поддршка и што сте тука.
Миа Перевска
Автор на песната е Миа Перевска. Аудио продукцијата за песната е на Лука Ѓоргиевски. Техничката реализација на музичкото видео е на Ѓорги Трпевски. Анимациите во музичкото видео се на Петар Тренчевски за кој Миа имаше многу пофални зборови.
По увертирата на официјалниот дел од промоцијата во кој присутните во полниот кафе-бар Лабораторум уживаа, следеше забава со изборот на музика на Марко Цветаковски кој воедно ги сними гитарите за песната, што беше и една од целите на настанот, како што изјави Миа.
Оваа година со својот бенд Миа Перевска ќе настапи на Андерфест 6. Шестото издание на овој музички фестивал ќе се одржи на 1 ноември 2024 година, во МКЦ во Скопје. Останува прашањето дали „Носи се“ ќе биде дел од репертоарот на Миа Перевска на Андерфест (Underfest).
Васил Буралиев е основач и главен уредник на Music Nonstop Today. Како визионер на веб-страницата на VBU Music Registry, препознаена од инкубаторот HEMI, Васил комбинира претприемачки острина со солидна позадина во управувањето проекти во музичката индустрија стакната преку обуката на МОСТ. Неговите набљудувања, истражувања и анализи на современиот музички пејзаж не само што го обликуваа успехот на Music Nonstop Today, туку придонесоа и за подлабоко разбирање на динамиката на индустријата.