На 3 јули 2024 напладне македонско дуо Дупер го претстави својот најнов сингл „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ вбризгувајќи свежа енергија во локалната музичка сцена. Ова издание означува значајна еволуција во нивниот стил, комбинирајќи ги носталгичните вибрации од почетокот на 2000-тите со нивниот уникатен звук со кој се потпишува Дупер.
Песната, креација на музичките мајстори Борис Какуринов и Илчо Нечовски, по 3 дена од нејзиното објавување има околу 15.000 прегледи на Јутуб (YouTube). Нејзината привлечна мелодија што кај нас стимулира потпевнување, ја прави оваа песна лесна за слушање. Какуринов, кој е аранжерот на оваа песна, уште еднаш го покажува својот талент во изработка на мелодии и аранжани во кој ние препознаваме искрен и внимателен пристап во реализирација на песните.
Креативната моќ на Дупер се протега надвор од нивната музика до нивните визуелно привлечни видеа. Здружувајќи се по трет пат со режисерот Трифун Ситниковски по синглот „Тие места“, тие продуцираа видео што совршено ја надополнува песната. Оваа соработка се покажа како победничка формула, која постојано дава автентични и привлечни визуелни наративи кои ја подобруваат музиката.
Со „Со тебе не гледам саат (бејбе)“ Дупер продолжува да докажува дека се сила на која македонската музичка сцена може да смета, поместувајќи ги границите на квалитетот и автентичноста и поставувајќи нови стандарди со секое ново издание.
Песната со музичкото видео е достапна на Јутуб, но ако го преферирате Спотифај (Spotify) тогаш песната ќе ја најдете овде. Уживајте во ова аудио-визуелно издание на Дупер.
Доколку ви се допаѓа „Со тебе не гледам саат (бејбе)“, наша препорака е да ги преслушате и „Тие места“, „Дадада“ и „Не ми даваш сон“ во кој сингл Дупер соработуваат со Теа (Thea).