„Can’t Get Enough“ од ТОБИ и Стимулус

Тоби, Стимулус - Can't Get Enough - омот

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец и продуцент Толга „ТОБИ“ Мазхар (Tolga „TOBY“ Mazhar) се враќа со долго очекуваното продолжение на неговите синглови „Let Me Love You“ и „Got It All“ од 2022 година, кои беа објавени од најголемата издавачка куќа во Турција, Аврупа Музик (Avrupa Muzik).

ТОБИ прогласува нов музички правец со својот нов сингл „Can’t Get Enough“ (превод: Не може да се добие доволно) во кој се појавува раперот роден во Бруклин-САД, Стимулус (Stimulus). Стимулус е најдобро познат по тоа што на млади години беше откриен од Марк Ронсон (Mark Ronson) – продуцент и текстописец познат по неговата работа со уметници како Ејми Вајнхаус (Amy Winehouse) и Мајли Сајрус (Miley Cyrus), додека исто така беше еден од првите уметници кои учествуваа на познатото шоу „COLORS“ (Се чита колорс) со неговата песна „Good“ (се чита Гуд) во која се појавуваат The Real Live Show! и Каси Бенџамин (Casey Benjamin).

„Can’t Get Enough“ на ТОБИ и Стимулус е интимна R&B нумера, која содржи водечка акустична гитара и перкусивни тапани кои го диктираат мудот и грувот на песната. На прашањето за едноставноста на аранжманот, ТОБИ одговори со:

„Сакав песната да се чувствува што е можно поинтимно, како слушателот да стои веднаш до нас.“

Мастерингот на песната беше направен заедно со честиот соработник на ТОБИ, Бенит Луис Џексон (Bennet Lewis Jackson).

„Многу нова музика е на пат, конечно решив да го отворам сефот. Се обидувам да составам кохезивен проект.“

вели ТОБИ кој ни ветува дека овој сингл е претходник на неговиот претстоен соло албум.
Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи