20 март 2024 г. (Лос Анџелес, Калифорнија) – Денес, водечкиот сценски изведувач на фестивалот Coachella и уметникот номиниран за Греми, Портер Робинсон, го објавува својот нов сингл, „Cheerleader“ (Навивачка).
„Кога се вратив во студиото за „Cheerleader“, се прашував: што е тоа што луѓето би можеле да го засакаат без контекст – само моментална, универзална, експлозивна поврзаност? „Cheerleader“ е моето мислење да го надополнам тоа чувство.“
вели Робинсон
Робинсон е комплетниот автор и продуцент на песната. Песната на допадлив начин спојува електро и суптилни рок елементи, успешно спакувани во поп-финиш кој лесно може да освои секого. Изгледа дека Робинсон ја постигна својата цел со „Cheerleader“.
Кавер на синглот „Cheerleader“
Видео запис на „Cheerleader“
Видео записот беше режиран од Hugh Mulhern, кој ја освои наградата за најдобар нов режисер на 2023 UK Music Video Awards и беше креативно надгледуван од режисерското дуо Bradley & Pablo (Bradley Bell и Pablo Jones-Soler), познати по нивната соработка со Harry Styles, Dua Lipa, и Rosalía. Проектот беше продуциран во соработка со Mom+Pop (дискографска куќа со седиште во Њујорк, која има потпишано договори со уметници како Tom Morello, Ashe, Madeon, Courtney Barnett, Lucius и многу други).
Уживајте во ова ново аудио-визуелно парче на Портер Робинсон, кој влегува во нова ера со својот прв поп сингл од неговиот претстоен поп албум, кој треба да излезе во 2024 година.
Песната „Cheerleader“ на Портер Робинсон е достапна и на популарните стриминг сервиси (Сервиси за преслушување музика), вклучувајќи ги Spotify, SoundCloud, Amazon Music, и Apple Music.