Хром Мјузик Лаб (Chrome Music Lab) е одлична веб-алатка што го олеснува учењето музика. На страницата има бројни алатки што се едноставни за користење, достапни од секаде, но пред сѐ многу забавни. Главно за веб страницата е што овозможува експериментирање и учење со употреба на повеќе различни алатки. За користење е потребно единствено да ја посетите страницата musiclab.chromeexperiments.com. Креирање личен профил или претплата не се потребни.
Алаткитe на Хром Мјузик Лаб
Хром Мјузик Лаб има повеќе различни начини кои на корисниците им овозможуваат да ја разберат музиката. Во основа најголем дел од нив овозможуваат некакво основно креирање и манипулирање на музика.
Речиси секоја алатка има поспецифичен фокус на различни аспекти на музиката. Алатките може да се користат и за традиционална едукација како дел од поширок образовен процес. Благодарение на дел од алатктие кои овозможуваат визуелизација на музиката Хром Мјузик Лаб овозможува користење за едноставно објаснување на музиката преку научната димензија користејќи дисциплин од другите науки како на пример математиката.
Алатките во рамките на Хром Мјузик Лаб се следниве:
- Сонг Мејкер (Song Maker)
- Шерд Пијано (Shared Piano)
- Ритм (Rythm)
- Спектограм (Spectogram)
- Саундвејвс (Sound Waves)
- Арпеџиос (Arpeggios)
- Кандински (Kandinsky)
- Воис спинтер (Voice Spiner)
Сонг Мејкер
Сонг Мејкер (Song Maker) е една од алатките на Хром Мјузик Лаб што на едноставен начин овозможува компонирање на песни. Корисниците имаат на располагање различни „инструменти“ вклучително и ударни инструменти со кои може да напишат сопствена песна.
Оваа алатка пред сѐ е едукативна алатка наменета за експериментирање и едукација која има многу едноставен интерфејс за користење. Овозможува почетно искуство кое корисникот понатаму може да го надградува на посериозен софтвер.
Со оглед на тоа што станува збор за веб апликација Хром Мјузик Лаб е достапен насекаде и на сите платформи и уреди. Може да се користи од компјутер, телефон и таблет.
Корисничкиот интерфејс (User Interface – UI) што може да се користи за создавање песна е крано сиплифициран но наликува на професионалните работни станици за дигитално аудио (DAW – Digital Audio Workstation) како што се Кјубејс (Cubase), Логик про (Logic Pro), Ејблтон (Ableton) . Тоа оди во прилог на претставување на интерфејстот и начинот на работа што го имаат и професионалните музички автори и продуценти кај децата.
Можам ли да правам песни со алатките?
Сонг Мејкер е алатка која во најголема мерка овозможува да се запознаете како се прави музика. На прв поглед ќе забележите решетка во која треба да ги поставите ударните инструменти и да ги „отсвирите“ инструментите. На располагање се повеќе инструменти за мелодијата и за ударните инструменти.
Со малку упорност и експериментирање може да ги распоредите нотите низ „мрежата“ и да креирате сопствена песна, или можеби песна која веќе е напишана. Ако сакате може да ја зачувате направената песна, па дури и да ги споделите со пријателите.
Додека ги проверувавме алатките, инспирирани од денс песната „Tribal Dance“ од 2 Unlimited, создадовме и кратка секвенца што наликува малку на споменатата песна. Воедно, ова ни помогна да може да демонстрираме и колку е лесно споделувањето на креираната содржина во Сонг мејкерот.
Што е Шерд Пијано за Хром Мјузик Лаб?
Една од алатките е и Шерд Пијано (Shared Piano). Оваа алатка е своевидно веб пијано кое овозможува заедничко свирење онлајн. Алатката поддржува креирање на дигитален инструмент на кој потоа ќе може истовремено да свират најмногу 10 учесници. Споделувањето на „инструментот“ или „собата“ во која инструменталистите ќе музицираат е едноставно и се прави преку споделување на линк.
За свирење на Шерд Пијано може да се користи компјутерско глувче, тастатура или МИДИ клавијатура (MIDI keyboard). Покрај потенцијална колаборација, Шерд Пијано e наменет и за интеракција во живо и за едукација.
Користени технологии
Хром Мјузик Лаб е креирана со помош на бесплатни веб технолофии како Web Audio API, WebMIDI, и Tone.js.
Хром Мјузик Лаб е одлична алатка за најмладите
Хром Мјузик Лаб е одличен прилог во работата на настаниците кои предаваат за музиката во предшколската возраст и во основното образование. Алактикте на Хром Мјузик Лаб се едноставни и прилагодени за возраста на најмладите и може да им ги дадат основите поврзани со компонирање но и со научна димензија што во основата на формалното образование.