Музика нонстоп денес: Резиме 2023

Музика нонстоп денес - Соопштение 2 - Резиме 2023 година

На 7 септември 2023 година го објавивме раѓањето на онлајн музичкото списание Музика нонстоп денес. Кон крајот на декември 2023 (4 месеци постоење) правиме резиме на планираните активности за 2023 година, сработеното и постигнатото, како и за плановите за идната година (2024).

Планирани активности за 2023

Планираните активности до крајот на 2023 година беа диктирани од следниве цели:

  • Воспоставување на работните процеси.
  • Создавање различен тип содржина.
  • Воспоставување деловен модел.
  • Идентификување приоритети во уредувачката политика и артикулирање маркетинг стратегија.

Сработено и резултати во 2023

  • Воспоставени основни работни процеси.
  • Креирани преку 400 написи за првите 4 месеци.
  • Медиумски партнер на музичката конференција „SoAlive“.
  • Проследивме музички настани.
  • Идентификувани приоритети и воспоставена маркетинг стратегија.

Воспоставени основни работни процеси

Тимот на „Музика нонстоп денес“ и неговите соработници работи во дистрибуирана околина. Воспоставување на процесот на комуникација и колаборација помеѓу основниот тим, соработниците и читателите беше и сеуште е еден од нашите главни приоритети.

За структурирана комуникација и колаборација користиме Трело (Trello) и Слак (Slack). Алатките за Генеративна вештачка интелигенција (Gen AI) во делот на учење за различни теми и асистенција при организација и валидација на содржините е наше секојдневие. Омилени алатки во тој контекст ни се ChatGPT, Perplexity и Copilot.

Овој тренд на „Музика нонстоп денес“ од 2023, ќе го продолжиме и во 2024 година.

Креирани преку 400 написи за првите 4 месеци

Објавивме околу 440 написи за неполни 4 месеци на македонски јазик (musicnonstop.mk) и на англиски јазик (musicnonstop.today). Написи што ја раскажуваа приказната за нови песни и албуми, настани, фестивали, конференции, музички видеа, рецензии и по некое интервју.

Ненад Георгиевски, добитникот на годишната државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ од областа на публицистиката и вонсерискиот вљубеник во уметноста воопшто, ја раскажа приказната за 42. издание на Скопскиот џез фестивал.

Златко Ангелески, музички хроничар и вљубеник во светската музика преку неговите приказни не потсети на некои легендарни музички остварувања од минатиот век.

Урош Вељковиќ, тапанар на бендот „Steel Temple“ (се чита Стил темп’л) и голем љубител на рок и метал музиката направи интервјуа со перспективните Сара Војичиќ и Кесиди Парис.

Јова Радевска

За рецензијата за вонвременската песна „An Innocent Man“, нејзината музичката авторка и вокалистка Јова Радевска (YOVA) ќе каже:

„’An Innocent Man would often make me cry when I’d hear it, despite me writing the lyrics & melody, and also your article made me cry when I read it. I couldn’t believe a review could capture a song so we’ll. Best review hands down ?“

(превод: „Невин човек“ често ме расплакуваше кога ќе ја слушнев и покрај тоа што јас ги пишував стиховите и мелодијата. Исто така и вашата статија ме расплака кога ја читав. Не можев да верувам дека рецензија може да опише толку добро една песна. Најдобра рецензија направена со леснотија ?)

Проследивме музички настани

Дел од нашиот фокус се и музичките настани и конференции на кои има незаменлива размена на енергија.

Бевме на „ПИН Музичка конференција и шоукејс“ (PIN MUsic Conference & Showcase) во Скопје и „Лајнчек“ (Linecheck) во Милано, а со значаен фокус како медиумски партнери ја проследивме и музичката конференција „Соалајв“ (SoAlive Music Conference) во Софија.

Ја раскажавме приказната за извонредни музички настани и турнеи на изведувачи и бендови најавени за 2024 година.

Медиумски партнер на музичката конференција „SoAlive“

Music Nonstop Today media partner to SoAlive Music Conference

Во октомври бевме медиумски партнер музичката конференција „SoAlive“ на нејзиното историско прво издание. Ние креиравме неколку написи за првото издание на SoAlive вклучително интервју со „моторот“ на конференцијата, прекрасната Рут Колева.

Со ова партнерство со конференцијата „SoAlive“ за која веќе има најава за нејзиното второ издание кон крајот на 2024, „Музика нонстоп денес“ станува интегрален дел од историјата на важна регионална музичка конференција со големи амбиции.

Идентификувани приоритети и воспоставена маркетинг стратегија

Нашиот интерес за популарната музика од Балканскиот полуостров е непресушен извор на возбуда кој го следиме како месечари на пона месечина при раскажувањето на музичките приказни. Но нашата љубопитност не застанува на границите на Романи, Турција, Грција и Словенија.

2023 беше повеќе опипување на импулсот на интересот на музичката индустрија за она што го работиме. Во меѓувреме ја артикулиравме и стратегијата за 2024 што е врзана со кластер содржини што ќе бидат еден од нашите приоритети и за истражување и за раскажување на приказните од музичкиот свет.

Во 2023 како партнери во еден сегмент од нашата маркетинг стратегија ги одбравме SmartClick. Нивниот тим ни помогна да го идентификуваме кластерот на теми што ќе бидат дел од фокусот за 2024. Кон крајот на 2023 интензивно работевме на создавање основа за конкурентни содржини на светско ниво.

Што да очекувате од нас во 2024

  • Содржинска програма: особен фокус на музички настани
  • Понуда на комерцијални услуги
  • Партнерство со изведувачи и бендови

Содржинска програма: особен фокус на музички настани

Нашиот фокус во 2024 година ќе бидат најголемите музички фестивали во САД. Тоа не значи дека нема да не интересираат содржините поврзани со новите музички изданија на популарната музика, вонсериските музички видеа, како и ставовите на претставниците од музичката индустрија по одредени прашања.

Понуда на услуги

Во 2024 планираме да понудиме услуги што ќе бидат наменети за промоција на изведувачите и бендовите, како и за агенциите на кои им е потребен релевантен медиум што ќе ги објавува приказните за изведувачите и бендовите што тие ги застапуваат.

Партнерство со изведувачи и бендови

Ние сме во потрага по изведувачи и бендови со кои ќе работиме партнерски на нивна дополнителна промоција преку рекирање содржина за нив и нивната работа.

Доколку препознавате вредност во креирање серија написи за вашата или работата на бендот и изведувачот што го претставувате, аплицирајте на redakcija@musicnonstop.today приложувајќи:

  • кратка биографија
  • планови за наредните 12 месеци и
  • линкови до профил страниците на популарните сервиси за преслушување музика (streaming services)

Ние со внимание ќе ја разгледаме вашата апликација пред да ви одговориме.

Како и до сега, за сите ваши приказни однапред подготвени и форматирани како соопштенија за јавност, нашата е-адреса press@musicnonsto.today останува отворена.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *