Питер Габриел по 21 година ќе издаде нов албум „I/O“

Оваа недела излегува новиот, десетти албум на Питер Габриел (Peter Gabriel). Албумот е насловен „I/O“ а продажбата ќе започне во петок на 1 декември 2023.

Во 2023 година Питер Габриел како најава за новиот албум издаваше нова песна на секоја полна месечина. Дел од песните веќе ги изведуваше на своите настапи во Европа, САД и Велика Британија. Ова издание е нов албум на Питер Габриел во 21 година.

„По цела година издавање синглови на полна месечина, многу сум среќен што ги гледам овие нови песни повторно заедно на „добриот брод“ „I/O“ подготвени за нивното патување во светот.“

вели Питер Габриел.

„I/O“ има 12 песни, и покрај дигиталната верзија ќе биде достапен на ЦД и на винил. Иако официјално изданието не е објавено претпродажбата е отворена уште од октомври 2023. Изданието е достапно на Bandcamp, Amazon, Spotify, Apple Music, Tidal, Deezer и YouTube.

Овој нов албум е снимен во студиото на Питер Габриел „Real World Studios“. Дел од учесниците на албумот се гитаристот Дејвид Роудс (David Rhodes), басистот Тони Левин (Tony Levin) и тапанарот Ману Катче  (Manu Katché), пијанистот Том Кавли (Tom Cawley). На неколку од песните учествуваат и јужноафриканскиот хор Soweto Gospel Choir и шведскиот машки хор Oprhei Drängar. Дел од песните се „потпишани“ од Брајан Ино (Brian Eno).

Првиот сингл од новиот албум „Panopticom“ беше објавен на почетокот на 2023 година во јануари. Ова беше прва нова песна на музичарот од 2016 година. На песната „Four Kinds of Horses“ која ја издаде во мај 2023 придружните вокали ги пее неговата ќерка Мелани, а на клавијатури е Брајан Ино.

Претходниот албум „Up“ на Питер Габриел беше издаден во 2002 година. Габриел објави дека на „i/o“ работи уште од 2001 година.

Нов албум „I/O“

Секоја песна од новиот албум ќе биде достапна во два различни стерео микса. „Bright-Side Mix“  е изработен од Марк „Спајк“ Стент (Mark “Spike” Stent). „Dark-Side Mix“ од Чад Блејк (Tchad Blake). На верзијата на „I/O“ која ќе доаѓа на три медиуми (ЦД и плоча/винил) ќе биде достапно уште еден, трет ремиск „In-Side Mix“од Ханс-Мартин Баф (Hans-Martin Buff).

Bright-Side Mix

1 – Panopticom (Bright-Side Mix)
2 – The Court (Bright-Side Mix)
3 – Playing for Time (Bright-Side Mix)
4 – I/O (Bright-Side Mix)
5 – Four Kinds of Horses (Bright-Side Mix)
6 – Road to Joy (Bright-Side Mix)
7 – So Much (Bright-Side Mix)
8 – Olive Tree (Bright-Side Mix)
9 – Love Can Heal (Bright-Side Mix)
10 – This Is Home (Bright-Side Mix)
11 – And Still (Bright-Side Mix)
12 – Live and Let Live (Bright-Side Mix)

Dark-Side Mix

1 – Panopticom (Dark-Side Mix)
2 – The Court (Dark-Side Mix)
3 – Playing for Time (Dark-Side Mix)
4 – I/O (Dark-Side Mix)
5 – Four Kinds of Horses (Dark-Side Mix)
6 – Road to Joy (Dark-Side Mix)
7 – So Much (Dark-Side Mix)
8 – Olive Tree (Dark-Side Mix)
9 – Love Can Heal (Dark-Side Mix)
10 – This Is Home (Dark-Side Mix)
11 – And Still (Dark-Side Mix)
12 – Live and Let Live (Dark-Side Mix)

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи