Масајах (Masayah) e нова ѕвезда на словенечката музичка сцена

Masayah (се чита Масајах) е исклучително талентирана и интересна словенечка музичарка, дел од нова музичката генерација која го освојува регионот. Таа доаѓа од Словенија, а нејзиното влијание во регионот веќе започнува. На 11 ноември 2023 Масајах издаде нов видео запис за песната „Bol Dol“. Текстот и музиката  се комплетно авторско дел она Масајах. Аудио миксот е на Hyu, мастерингот на „Bol Dol“ е на ROdaH.

„Bol Dol“ e синглот од деби албумот на Масајах – Заведно (Zavedno). Албумот е издаден на 16 април и е достапен на најголем дел од дигитални платформи за споделување на музика и стримање.

Пејачката на 24 ноември ќе биде дел од музичарите кои ќе настапат на фестивалот LIFT. ЛИФТ (LIFT) е нов музички фестивал кој се одржува во Хрватска. Цел на фестивалот ќе биде промоција на млади музичари од Хрватска и регионот.

Зад псевдонимот Масајах (вебсајт) се крие Миа Пухар Родин (Mia Puhar Rodin). Таа е една од најценетитеизведувачки на словенечката хип-хоп сцена.

Како и најголем дел од новите музички ѕвезди во регионот, музиката и популарноста на Масајах започнува на онлајн платформите како Јутуб (YouTube). Пејачка е позната по своите уникатен стик, текстовите и изведбите на песните. Она што е интересно е дека самата работи на најголем дел од песните и звукот.

„Своите вокали ги снимам самата во своето студио што ми отвора поглед на микс и звук кој сакам да го постигнам. Најголема инспирација ми се луѓето и општо животот. Од добро до лошо.“

вели Masayah во интервју за Journal.hr.

Името на дваесетидвегодишната музичарка е спој на два збора Месија (спасител) и африканското племе Масаи, племе со сопствена култура и музика. Поврзаноста со племето е од детската возраст кога пејачката за прв пат ги видела копјата и штитовите кои нејзиниот татко ги донел како сувенири од патувањето низ Африка.

Пејачката е актуелна со деби албумот „Заведно“ кој го издаде на 16 април 2023 година.

Без сомневање Масајах е иднината на словенечката хип-хоп музичка сцена. Поради оригиналноста и слободата во изразовт Месајах остава силен впечаток кај публиката. Проценката е дека пред нејзе е регионална кариера во годините што следат, доколку таа продолжи да издава нови изданија и да настапува во и надвор од Словенија.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи