Лајнчек 2023 во Милано од 21 до 25 ноември

Лајнчек 2023 е престојното ново издание на музичката конференција и фестивал што се одржуваат во МиланоИталија, а во организација на Мјузик иновејшн хаб (Music Innovation hub).

Лајнчек (Linecheck Music Meeting and Festival) нуди уникатна можност за истражување на еволуцијата на музиката и откривање на иднината на музичката индустрија во Европа. Фестивалот е место каде што професионалците во музичката индустрија се среќаваат, дознаваат нови работи, споделуваат искуства, разговараат, слушаат и откриваат нова музика и музички изведувачи и се разбира сѐ забавуваат.

Оваа година Лајнчек 2023 во Милано ќе се одржи од 21 до 25 ноември. Фестивалот ќе нуди интересна содржина која ќе вклучува новитети на музичката сцена и веќе етаблирани музички имиња. Секој ден по завршувањето на конференцискиот дел ќе има простор за музика од зајдисонце до доцна во ноќта.

На конференцијата ќе зборуваат стотина говорници на десетици панели. Фокусот ќе биде на промените во музичката индустрија интензивно стимулирана од современите технологии. Интензивно ќе се споделуваат иновативни идеи и потенцијални решенија преку панел дискусиите и неформалните дебати на присутните.

Програмата на Лајнчек 2023 во Милано ќе има и повеќе од доволно простор за различни настани и изведби. Отворањето на Лајнчек 2023 ќе го направат Франческо Месина (Francesco Messina) и Марта Салоњи (Marta Salogni) преку нивното обраќање до присутните на 21 ноевмри со почеток во 21:00 часот. Не помалку интересни се и музичките изведби. Дел од изведувачите ќе бидат Heith, Price, Paolo Tocci, Piezo, Maris Pihlap, Ava Vegas и Ich Bin Bob. Фестивалот е домаќин на разновидна шоукејс (showcase) програма од Radio Raheem, RBL, Noods Radio, 8 Beats, и Refuge Worldwide.

Предизвиците на веб-радијата

Според програмата Лајнчек 2023 наликува на неколку различни настани споени во еден. Тоа го прави овој настан врвна музичка манифестација што интегрира концертни настапи, конференциски дел и шоукејс сегмент. Лајнчек 2023 во Милано има дел што е ќе биде со фокус на веб-радиото и специфичните предизвици. Во овој дел од фестивалот ќе присуствуваат различни радио страници од целиот свет.

Лајнчек 2023: Финалната забава е во Болоња

Лајнчек 2023 во Милано ќе заврши со финална забава што е организирана во соработка со Robot Festival. Артисти што ќе настапат на финална забава се Марта Дел Гранди (Marta Del Grandi), Шарлот Адижери и Болис Пупул (Charlotte Adigéry & Bolis Pupul) и Cosmo.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи