Помина скоро една година од објавувањето на албумот „Борба“ од Џорџе (Đorđe) уште познат како Клинац. Иако некој би рекле дека објавувањето музичко видео за претходно објавена песна не е паметнo, Џорџе не смета така. Тој објави два нови спота за песните „Бољи лош“ и „Каин“ што се склопени во една целина и објавени на Јутуб.
Ваквото објавување на музички видеа како за песните „“Бољи лош’ и „Каин“ е карактеристично за балканската музичка сцена. Џорџе не го прави тоа прв пат. Песните „Није ми проблем“ и „Зови адвоката“ кои се исто така дел од албумот „Борба“ се склопени во едно Јутуб видео, но имаат две посебни музички видеа.
Мора да се спомне тоа дека текстот, аудиомиксот и мастерингот на песните „Бољи лош“ и „Каин“ се на Џорџе Чаркиќ (Џорџе). Единствена помош тој добил за продукцијата на песната „Каин“ од Ведран Тодоровиќ (Kowe).
Бољи лош
Во првиот дел од видеото се наоѓа музичкото видео за песната „Бољи лош“. Тој е направен извонредно во секој поглед. Најголемата инспирација за музичкото видео е добиена од филмовите „Matrix“ и „Fight Club“.
Џорџе инспириран од сапуните во филмот „Fight Club“, направи свој сапуни на кои пишува „Борба“. Тие се достапни на сајтот на Басивити (Bassivity) и може да се купат заедно со ЦД и маица.
Каин
Вториот дел од видеото е за песната „Каин“. Името на оваа песна всушност е името на библискиот лик Каин, кој го убил својот брат од љубомора. Тоа и Џорџе го спомнува во дел од песната.
Музичкото видео за песната „Каин“ квалитативно воопшто не заостанува зад првото видео за песанта „Бољи лош“. И ова музичко видео е со висок технички квалитет, како и првото и може да се мери со музичките видеа од светската класа.