Новата песна „Адио Маре“ од Мили е објавена на Јутуб на 29 септември 2023. Песната е летна иако е објавена кратко после летото. Во песната гостуваат Конект (Connect) и Dj Architect. За Мили, Dj Architect и двојката Конект ова е прва заедничка соработка.
Песната има и одличен видео спот. Автори на видео записот се Еди Канурич (Eni Kanuric) и DoubleM. Видеото е доста динамично и го задржува вниманието на слушателите и гледачите.
Автори на музиката се Dj Architect и Сенад Бислими (Senad Bislimi) кој е автор на аранжманот, аудиомиксот и на мастерингот. Текстописци на оваа песна се Марко Миливојев – Мили, Иван Дражич (Ivan Drazic) – Гидра и Јура Блажевич (Jura Blazevic)
Повеќе за Конект
Групата Конект е одамна позната на публиката. Имаат соработувано со познатиот рапер и продуцент Цоби (Coby) три пати. Нивната главна и најпопуларна песна е објавена во 2016 која го носи името „Џек и Џони“. Песната има повеќе од 45 милиони прегледи на Јутуб и над 11 милиони стримови (преслушувања) на Спотифај.
„Гето Девојка“ е нивната последна песна пред да биде објавена новата песна во соработка со Мили и Dj Architect. Песната „Гето Девојка“ во која рефренот го пее Раста (Rasta) отиде вирално во периодот на нејзиното објавување.
Иако се поминати 10 месеци од 2023, новата песна „Адио Маре“ е нивната прва песна во оваа година. Тие се појавија и на најголемиот фестифал во Белград, Belgrade Music Week 23. Иако Конект не се активни во објавувањето на песни, песните „Гето Девојка“ и „Џек и Џони“ беа испеани од збор до збор од посетителите на фестивалот.
Повеќе за Мили
Мили кој е активен во издавање на музика повеќе од 5 години има многу песни позади себе. Некој од нив се балкански хитови и бројат милионски прегледи. Една од првите, а дефинитивно и најпопуларна песна од Мили е „Грми“. Таа има над 82 милиони прегледи на Јутуб.
„Лока“, „Хавана“, „Лерди“ и „Stracciatella“ се некои од песните кои ја бележат кариерата на Мили. Тие се песни со милионски прегледи и често можат да се слушнат во диската и ноќните клубови.
„Дивља“ е последната песна на Мили која е објавена 2 месеци пред да биде објавена „Адио Маре“. Таа за разлика од песната „ТМСНН“ има помалце заинтересираност и помалце преслушувања.