Бјорк ги најави и последните концерти за 2023 година од „Корнукопија“ турнејата

Исландската пејачка Бјорк (Björk) ги најави последните концерти за оваа година од турнејата Корнукопија (Cornucopia). Ова е десетта турнеја на пејачката и прва театарска продукција за Бјорк. Турнејата Корнукопија на Бјорк дебитираше како резидент шоу на осум не-последователни вечери во културниот центар „The Shed“ во Менхетен – Њујорк. Турнејата Корнукопија e еден од првите настани изведени во центарот, кој беше отворен во април 2019 година.

За ноември 2023 се закажани концерти во:

  • Краков, Полска (18 ноември)
  • Хамбург, Германија (21 ноември)
  • Лајпциг, Германија (24 ноември)
  • Цирих, Швајцарија (28 ноември)
  • Нант, Франција (2 декември)
  • Бордо, Франција на (5 декември)

Турнејата Корнукопија на Бјорк е базирана на нејзиниот девети студиски албум, „Утопија“ (Utopia). Концертите се сметаат за нејзиниот најкомплексен настап досега. Шоуто вклучува дигитална визуелна постановка од уметникот Тобиас Гремлер (Tobias Gremmler). Сцената е дизајнирана од Киара Стивенсон (Chiara Stephenson), a дизајнери на фустаните се Оливиер Рустеинг (Olivier Rousteing) и Ирис ван Херпен (Iris van Harpen). Изведбите на Бјорк ги следи хорот Хамрахлид (Hamrahlid) – исландски хор од педесет луѓе, и музички ансамбл во живо кој вклучува седум флејти, харфист, ударни инструменти и електроника.

Корнукопија - Фотографија Frédéric Vicomte / Wikimedia / CC BY 4.0
Фотографија Frédéric Vicomte / Wikimedia / CC BY 4.0

Во 2023 година, Турнејата Корнукопија на Бјорк е на патување низ Европа. Започна на 1 септември во Лисабон – Португалија, а претставата беше во Altice Arena. По повеќе концерти низ континетот, вклучувајќи ги тука и Мадрид, Париз, Милано, Прага, Виена и други, патувањето ќе заврши на 5 декември во Бордо – Франција, во Arkéa Arena.

За Бјорк

Бјорк Гудмундсдотир (Björk Guðmundsdóttir) позната само како Бјорк, е икона на светската музичката индустрија. Родена е на 21 ноември 1965 година во Рејкјавик, Исланд. Активна е на музичката сцена од 1975 година. Музиката на Бјорк е мешавина на различни жанрови, вклучувајќи поп, авангарда, електроника, експериментална музика, алтернативен рок и куп други стилови. Нејзиниот глас е впечатлив, има вокален опсег од три октави. Храбриот музички избор ја прави пејачката една од најуникатните и влијателни уметници.

Во моментов Бјорк е актуелна со најавата за соработка со шпанската пејачка Росалиа. Пејачките ќе соработуваат на песна која ќе треба да ја подигне свеста за индустриските фарми за риба. Соработката треба да помогне да се соберат средства за борбата која локалните жители на Исланд ја водат со големите фарми за риби.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи