Björk и Rosalía најавија нов сингл. Со песна се спротивставуваат на индустриските фарми за риби

Две европски музички супер ѕвезди Бјорк (Björk) и Росалиа (Rosalía) ја објавија својата соработка. Пејачките ќе соработуваат на песна која ќе треба да ја подигне свеста за индустриските фарми за риба. Соработката треба да помогне да се соберат средства за борбата која локалните жители на Исланд ја водат со големите фарми за риби.

За целата песна ќе мора да почекаме, но веќе е издаден краток тизер од песната на кој обожавателите на пејачките можат да слушнат како ќе изгледа во иднина. Во моментов не е достапно ниту името на песната, а YouTube видеото е насловено едноставно „Help Fight Fish Farming In Iceland“. Целосната верзија на песната според соопштението ќе биде достапна овој месец.

Во најавата се слушаат единствено стиховите „Is this the right thing to do. Oh, I just don’t know. I just don’t know“ без музичка подлога.

„Ви ја нудам песната која јас и Росалиа ја пееме заедно. Заработката од песната ќе помогне во борбата против фармите за риби во Исланд…

Луѓето од фјордот Сејдисфјордур (Seyðisfjörður) се кренаа и протестираат против фармите за риби што започнуваат да се градат таму. Сакаме да ги донираме средствата собрани од продажбата на песната да им помогнеме со нивните правни трошоци. Се надеваме дека може да биде пример и за другите.

Исланд ја има најголемата недопрена природа во Европа. Денес [Исланд] сè уште има свои овци кои слободно шетаат по планините во лето, нашите риби пливаа слободно во нашите езерата, реките и фјордовите. Кога исландските и норвешките бизнисмени почнаа да купуваат рибници во голем дел од нашите фјордови, тоа беше голем шок и стана главна тема ова лето. Не разбираме како може да го прават ова цела деценија без да ги запрат речиси никакви закони. Ова веќе има разурнувачки ефект врз дивиот свет. Рибите кои ги одгледуваат страдаат во ужасни здравствени услови. Бидејќи многу од нив избегаа, почнаа да ја менуваат ДНК на исландскиот лосос на полошо. Ова на крајот може да доведе до негово истребување.

Сè уште има шанса да се заштити последниот див лосос на северот. Нашата група бара овие деловни луѓе да ги повлечат своите фарми! Исто така, сакаме да помогнеме во креирање и поставувањето строги регулативи во правниот систем на Исланд за да ја зачуваме природата. Мнозинството од нацијата веќе се согласува со нас, така што овој протест е за ставање на волјата на народот во нашиот системи на владеење.“, вели Бјорк во соопштението кое го пренесе Billboard.

Втора песна за Бјорк во 2023

Минатата, 2022 година, Бјорк по шест години пауза го претстави својот нов албум „Fossora“. Претходно, во 2017 година, Исланѓанката го издаде албумот Utopia. Соработката со Росалиа ќе биде второ музичко издание на Бјорк оваа година. Во првата половина на 2023 година, пејачката беше гостинка на Shygirl на новата верзија на песната „Woe“ издадена во март. Бјорк досега има издадено 10 студиски албуми и веројатно е најпознатиот глас од Исланд.

Росалиа Вила Тобела (Rosalia Vila Tobella) која е попозната само како Rosalía е шпанска пејачка, музичарка, композиторка, продуцентка и актерка од Барселона. Како и Бјорк и таа е атипична поп пејачка која во својата музика спојува различни жанрови и звуци.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи