Нокаут - промоција на четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“

Промоција на четвртиот албум на Нокаут „Што бараш ти во моја песна?“

Вчеравечер (16 окт 2023) поп-рок бендот Нокаут го промовираше четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“. Промоцијата се случи во еден од популарните скопски кафулиња кое беше полно со гости дојдени поради отворената промоција на албумот.

Официјалниот дел на промоцијата го започна Анотонио Димитриевски, главниот и одговорен уредник на вебсајтот Вистина.мк со обраќање кон присутните. Тој потсети на јубилејот (25 години) што Нокаут оваа година го прославува на различен начин и во секоја прилика.

Потоа, очекувано, зборот го имаше фронтменот на Нокаут, Нокола Перевски – Пере. Тој ја искористи приликата за да го претстави албумот, а не заборави да им се заблагодари и на соработниците, како и на публиката на Нокаут.

Од промоцијата на четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“ на Нокаут
Од промоцијата на четвртиот албум „Што бараш ти во моја песна“ на Нокаут / Фотограф: Васил Буралиев / 16 окт 2023

Кратко обраќање имаше и Ристо Вртев кој беше гостин на промоцијата кој за време на мини настапот што го имаа Нокаут во кој тие изведоа неколку песни, беше еден од највеселите во публиката. Ристо Вртев е еден од текстописците за некои од песните од втириот албум на Нокуат „До последен здив“.

За албумот „Што бараш ти во моја песна?“

Што бараш ти во моја песна - Нокаут - омот на албумот
Омотот на албумот е авторско дело на Ана Стојановска

Четвртиот албум на Нокаут „Што бараш ти во моја песна?“ има 14 песни меѓу кои познавачите на опусот на Нокуат, знаат дека сите биле промовирани како синглови во последниве девет години, во периодот по објавување на нивниот трет студиски албум „Три“. Албумот има свое ЦД издание, а винилно издание е во план но фановите на Нокаут што се љубители на винилните изданија ќе треба да почекаат.

25 години континуитет

Македонската поп-рок сцена има многу добри бендови, но Нокаут е еден од ретките и единстварн бенд кој се координатниот систем на постојаноста и континуитетот на создавање нова музика и одржувањето живи настапи и концерти.

Нокаут е еден од ретките бендови, ако не и единствен бенд кој има легитимитет да слави дваесет и пет (25) години постоење. Координатен систем на континуитет во кој многу бендови осцилираат со промотивни изреки и прослави за повеќедецениско постоење, а кои во суштина имале долги периоди на хибернација во тоа навидум децениско постоење.

Нокаут е еден од ретките бендови за кој се бара карта, шанк, астал повеќе за секој нивни настап.

Нокаут
Нокаут / фотограф: Васил Буралиев

Нокаут е еден од ретките бендови кој звучи подобро во живо отколку на снимка, ако ме разбирате што сакам да кажам. А за ова се заслужни примарно: Борче Кузмановски (клавијатурист), Виктор Николовски (бас гитарист), Благоја Антовски – Баге (тапанар), Горан Кавраков (саксофонист), Горјан Петровски (гитарист), Миа Перевска (вокалистка) и секако Никола Перевски – Пере (фронтмен и вокалист).

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи