Членот на Мигоси, Offset објави нова песна „Fan“

„Fan“ (Фан) е новиот сингл на Офсет (Offset). Познатиот рапер од групата Мигос (Migos) ја објави новата песна заедно со видео спотот на 15 септември 2023.

Офсет го најави и својот втор студиски албум „Set it off“. Албумот е најавен за 13 октомври 2023. Освен соло албумот „Father of 4“, тој има повеќе албуми како дел од групата Мигос. „Culture“, „Culture II“ и „Culture III“ се дел од нивните албуми.

Албумот „Set it off“ е прв поголем проект на Офсет по смртта на Тејкоф (Takeoff) кој беше убиен во Тексас, САД на 1 ноември 2022. Двајцата заедно со Quavo во 2008 ја формираат групата Мигос која ја доби најголемата популарност после песната „Bad and Boujee“ заедно со Lil Uzi Vert.

Во видео спотот на новата песна „Fan“ се појавува познатиот Јутубер Каи Ценат (Kai Cenat) заедно со Фанум (Fanum) и американската глумица Paige Audrey-Marie Hurd.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи