Пере собира енергија во Сивири за претстојниот период

Никола Перевски – Пере од Нокаут во септември 2023 ги фаќа последните топли сончеви зраци од летото што изминува за да собере енергија за претстојниот период.

Тој со својата фамилија е во Сивири (Грција) каде што не ретко може да се видат многу македонци за време на летниот период.

Тој изминатиов викенд (16 септември 2023) објави фотографии на неговиот Фејсбук профил со неговата сопруга но и со еден од најплодните македонски музички продуценти, Дарко Димитров.

Дарко Димитров често може да се види во Сивири за време на летниот период. Нашите извори велат дека тој секоја година во летниот период поминува значајно време во ова мало и прекрасно туристичко место на Халкидики.

Димитров одигра важна улога во формирањето на Нокаут. Тој и денес е стручен соработник на Никола Перевски – Пере во креативниот процес на создавањето на дел од песните на Нокаут.

Се надеваме дека Пере и Димитров ќе се одморат добро при крај на ова лето за да бидат продуктивни во претстојниот период. Ние сме во очекување на новиот албум на Нокаут за кој беше најавено дека ќе има и винилна верзија.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи