Кукус и Бунтаи повторно заедно со нова песна

Двете хрватски групи повторно заедно. „Попстар“ е името на нивната нова заедничка песна. За Кукус и Бунтаи ова е трета заедничка соработка. Песната со спотот е објавена на 8 септември, неколку саати после нејзиното објавувањето на платформи за преслушување (streaming) на музика.

Рокстар“ е нивната последна и најпозната заедничка песна објавена пред 3 години. Таа број повеќе од 3 милиони прегледи.

Сликата е преземена од инстаграм профилот на Kukus.tv

Кукус се долго време во музичкиот свет. Тие неодамна прославија 10 години постоење со албумот „X“. Хиљсон Мандела (Hiljson Mandela), Гоца Р.И.П. (Goca R.I.P.) и Исо Мики (Iso Miki) се тројцата кој се дел од групата Кукус. Хиљсон и Гоца се главните вокалисти, а Исо Мики е продуцент кој се појавува во некои од песните како вокал.

Кукус имаат соработки со многу познати артисти. Некои од нив се Фокс (Fox), Сурил (Surreal) и македонскиот Донплеја (Donplaya).

Бунтаи е исто хрватска група која има 3 студиски албуми и повеќе синглови. Дипси (Dipsi) и Јанг Буде (Yung Bude) се членовите од оваа група кои учествуваат во песната „Попстар“.

Текстот на песната е напишан од самите артисти кои ги пеат и вокалите. Аудиомиксот и мастерингот се на Lockroom кој е и продуцент во песната заедно со Трапославиа.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи