„Никогаш пак“ е новиот албум на Funk Shui објавен на 31.03.2023. Албумот е микс од жанровите фанк и рок кој го прават албумот да биде доста специфичен. Членови на бендот се: Лука Ѓоргиевски, Михаил Намичев, Мартина Баракоска и Драги Иванов.
Лука Ѓоргиевски има учество во овој албум како вокалист, пијанист, гитарист и текстописец за својата група, но тој исто така има работено и на дела за други изведувачи. Едното од нив е синглот на Чиста Околина „Врие Македонец“.
Миксот и мастерингот на албумот Никогаш пак ги правеше Бен Милчев. Текстот е напишан од самите членови на бендот. Деветата трака од албумот „Не време“ е во соработка со Вера Милошевска Јосифовска (Вера Љубојна). Четири песни од албумот беа издадени како синглови во 2018, 2020 и 2021.
Funk Shui имаат издадено уште два албуми Aether и R.E.M во 2012 и 2015. Нивната популарност почна значително да расте по издавањето на третиот албум.
Тие ја исполнија летната сезона со повеќе настапи на музички фестивали низ Македонија како Д Фестивал, Вино Фестивалот во Охрид, When in Krusevo и други.