„Lost Connection“ e новиот албум на Druggy и Green Sequence

„Lost Connection“ од Druggy

Druggy и Green Sequence на почетокот на октомври го претставија својот нов албум „Lost Connection“. Албумот е издаден на 2 октомври и љубителите на електронска и хип-хоп музика може да го преслушаат на популарните платформи за преслушување и превземање музичка содржина, како што се: Spotify, Deezer, BandCamp.

Зад сценските имиња Druggy и Green Sequence се Драган Иванов и Мартин Стојковски.

Од соработката на Druggy и Green Sequence на овој албум беа продуцирани и објавени шест снимки: „Rhytmic Culture“, „Walk Around“, „For Real“, „Shamanizm“, „Време за“, и инструментална верзија на „Време за“. Автори на музиката се Драган Иванов и Мартин Стојковски, а вокалот е на Драган Иванов. Гостин вокал на „Време за“ е Калин Марковиќ од Trendkill.

Како што велат и самите автори, албумот е инспириран од трибализам (tribalism), шаманизам, враќање кон почетоците и изгубената врска со природата.

Драган Иванов – Druggy како битмејкер/продуцент, диџеј, организатор на настани и изведувач постои на македонската музичка сцена повеќе од 15 години. Во 2014 година со Irie Scratch и Bass Infusion го основаа колективот „Trap Da Fu*k Up“. Драган Иванов во 2006 под псевдонимот AnakreontXY е креатор на битот на веќе легендарната „Бонус трака“ од хип-хоп бендот Легијата. 

Интересно за изданието е што дизајнот за омот кој е дело на Горјан Димитровски е понуден како Non-fungible (NFT) токен на аукција за продажба на онлајн наддавање. NFT токените слично како и криптовалутите се базираат на Блокчејн (Blockchain) технологијата. За разлика од криптовалутите, секој Non-fungible токен е уникатен и не се заменливи меѓусебно.


Текстот е преземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи