Едно од најинтересните музички изданија оваа недела е дебитантското проширено издание на младата пејачка Дина Јашари. Изданието е насловено „Дома“ и од 20 септември е достапно за преслушување на YouTube.
„Песната дома произлезе како еден предизвик што си го дадов на самата себе, да напишам една среќна песна, бидејќи до тогаш сите што ги имав напишано беа доста меланхолични“
Специфичниот вокал и стил на пеење на Дина лесно се препознава во песните. Покрај вокалите, таа е автор и на музиката и продуцент на албумот. Пејачката редовно соработува со Драги Иванов, а така е и на ова издание. Иванов е тонски снимател, а воедно и одговорен за аудио миксот и мастерингот на изданието.
„Дома“ има пет песни: „Интро“, „Гости“, „Дома“, „Нешто друго“ и „Тоа“. Пејачката не крие дека ја инспирираат и пишува за настани од животот и луѓето околу неа. Иако оваа изјава на прекрасната Јашари не се однесува на песните од „Дома“, речиси во целост може да ја препознаете и во музиката и текстовите од ова издание.
Пејачката не крие дека ја инспирираат и пишува за настани од животот и луѓето околу неа. Иако оваа изјава на прекрасната Јашари не се однесува на песните од „Дома“, речиси во целост може да ја препознаете и во музиката и текстовите од ова издание.
Мојот сензибилитет е пресликан во музиката што ја правам. Мека, смирена, многу искрена и понекогаш меланхолична. Многу сакам да си играм со зборови и вокали, тие два елементи се во преден план на мојата музика. Стилски припаѓа во поп, поточно alternative & dream pop. Пишувам за лични настани, моменти од животот што сакам да ги раскажам преку песна, ме инспирираат околностите што ги носи животот и луѓето околу мене. Многу ми е мило кога луѓе се пронаоѓаат во мојата музика, тоа ме мотивира да продолжам да творам и да бидам искрена
Иако млада, Дина може да се пофали со куп квалитетни песни. „Зборови“, „Бои“, „Копнежи“ се првите песни со кои најголем дел од љубителите на домашната музика ја „запозна“, а во иднина се надеваме на многу повеќе музика од Дина. Таа со песната „Бои“ е актуелна и како еден од финалистите за наградата Милан Младеновиќ за 2021 година.
Текстот е превземен од новинската агенција Мета.МК. Првата објава на овој текст е достапна овде.