Радио дом: Стотројка во Берлин

Радио ДОМ, Канал 104 и Cashmere Радио

Од 1 до 11 јуни 2026 година, мала екипа од Канал 103 учествува во „Радио дом“, резиденцијален престој што се одвива во сестринското Cashmere Radio во Берлин. 

Програмата се развива како отворен процес на слушање, учење и истражување, обликуван низ живи и претходно снимени емисии, спонтани радио моменти, разговори и теренски снимања. Резиденцијата започнува со воведно радио вклучување (2 јуни во 19.30 часот) кое ги поврзува Скопје и Берлин, а кулминира на 10 јуни со заедничка завршна програма.

За време на престојот, Рина Јанкуловска, Теодор Симоновски, Матеј Борисов и Бранко Бјадов ќе го истражуваат радиото како медиум на заедницата, простор за поврзување, учење, експеримент и културна размена, во еден поинаков, слободен и космополитски контекст. 

„Радио дом“ е дел од пошироката програма за одбележување на 35 години Канал 103 и продолжение на долготрајната соработка со Cashmere Radio, која се темели врз заедничката посветеност кон самоорганизираната радио култура. Проектот се реализира во период кога Стотројка својата програма ја создава во егзил, без пристап до сопственото студио, отворајќи го прашањето за домот, просторот и условите за опстанок на независните медиумски и културни иницијативи. 

Total
0
Shares
Related Posts