Скопје, 5 мај 2026 – Денеска на прес-конференцијата во Скопје, чии модератор беше Антонио Димитриевски, легендарниот фронтмен на Нокаут, Никола Перевски – Пере, заедно со гостите Игор Џамбазов и Дарко Галеф – Брејк, ја открија целата магија зад претстојниот јубилеен концерт „30 години Нокаут“. Овој настан, посветен на три децении непрекинато создавање и интерпретирање македонска музика, ќе се одржи во сабота, 9 мај 2026 година, во арената Јане Сандански во Скопје. Фановите на поп-рокот и македонската сцена веќе можат да ги купат билетите преку https://wayin.mk/shop/events/30-godini-nokaut.





Прес-конференцијата беше полна со енергија и носталгија. Антонио Димитриевски ја опиша сценографијата што ќе го направи овој концерт незаборавен. „Бината ќе биде овална.“ изјави Антонио, додавајќи дека оваа конфигурација ќе овозможи интимна врска меѓу бендот и публиката од сите страни. Пере порача дека основната идеја е да се биде меѓу публиката и нагласи дека овој концерт не е само концерт на Нокаут, туку на целата публика на бендот.
Гостите беа посебен акцент на конференцијата. Игор Џамбазов, еден од најпопуларните македонски артисти, ќе се качи на бината заедно со Дарко Галеф – Брејк, Дупер, Лозано и други изненадувања. Џамбазов, не пропушти да ја повтори неговата изјава „Нокаут се мојата слабост, а јас сум нивната тежина!“. Брејк ја изрази својата благодарност што ќе има можност да биде дел од најавениот концерт. Пере потврди дека програмата ќе вклучува хитови од сите периоди, од раните денови до најновите албуми, вклучително и изведување на песната „Месечевиот сјај“ – песната што Нокаут ја сними со неговата најголема керка Миа Перевска.
Една од клучните пораки од Џамбазов и Пере беше насочена директно кон фановите:
„Дојдете порано! Ако стигнете навреме, концертот може да почне точно навреме. Дојдете без возила и порано“
Повикаа Игор Џамбазов и Пере
Овој повик е базирано на искуството што овие ветерани на македонската музичка сцена го имаат. Целта е да се избегнат големите гужви пред влезот на спортскиот центар Јане Сандански со што концертот ќе започне на време.



За да го заокружите искуството, Нокаут подготви ексклузивна мерч колекција за 30-годишнината. Особено се истакнува женската маица со кратки ракави – колекционерско издание, достапна за купување на https://nokaut.musicnonstop.today или https://nokaut.vbu.mk. Оваа лимитирана серија, заедно со капи и други артикули, е специјално дизајнирана за да го одбележи континуитетот на бендот во продукцијата на македонска музика.


Овој концерт е симбол на македонскиот поп-рок дух. По 30 години, Нокаут остануваат актуелни, инспиративни и незаменливи. Не пропуштајте ја шансата да бидете таму! Купете билети и подарете колекционерска женска маица што може да ја набавите преку https://nokaut.musicnonstop.today. Очекувањата се дека Арена Јане Сандански ќе експлодира на 9 мај. Бидете дел и вие од експлозијата!
Целата прес конференција одржана на 9 мај 2026 во ресторанот Пелистер во центарот на главниот град: