Големата вода на Андерфест 7: Со музиката дишеме слободно

Големата вода - македонски рок бенд

Кога младата крв на скопската алтернативна сцена ќе се спои со автентична енергија и искрена креативност, се раѓа звукот на „Големата вода“. Овој четиричлен бенд, симболично крстен по нешто силно и длабоко, што потсетува на истоимениот романот од големиот писател Живко Чинго, носи со себе бран на свежа емоција и музичка посветеност што денес е се поретка појава. На овогодинешниот Андерфест 7, тие ќе ја претстават својата визија за слободата, урбаната меланхолија и ритамот што се чувствува како пулс на градот. Со првиот сингл „Има или нема“ и албум во најава, „Големата вода“ ветуваат настап што нема само да се слуша, туку да се почувствува.

МНД: Кои се „Големата вода“ представени во еден пасус?

ГВ: Големата Вода се млад алтернативен четиричлен бенд од Скопје, Македонија. Фокусирани на носталгија и хаос, сè тоа што ги потсетува на градот, го леат во гласни текстови, хипнотички рифови и подвижни ритми.


МНД: Името „Големата вода“ секогаш носи некаква симболика и длабочина. Како тоа чувство на „длабоко“ и „потопено“ се пренесува во вашиот настап, особено во фестивалска атмосфера каква што има Андерфест?

ГВ: Длабочината за нас лежи во енергијата и во емоциите. Поврзаноста со публиката, начинот на кој комуницираме, како да сме пријатели со секој еден од нив. Сакаме публиката да чувствува слобода, исто како што чувствуваме и ние.


МНД: Андерфест обично носи енергија на тоа што е свежо и искрено од македонската сцена. Кој дел од вашиот актуелен звучен свет најубаво ја отсликува таа енергија денес?

ГВ: Експлозивноста и страста е наша најсилна страна. Го сакаме тоа што го правиме и воедно многу ни е битно да биде квалитетно и добро.


МНД: Дали подготвувате нешто ново — песна, спот или соработка — што би можело токму на Андерфест 7 да добие своја прва фестивалска „проба“?

ГБ: Пред неколку дена го извадивме нашиот прв сингл “Има или Нема” кој истовремено доби спот. Синглот како и албумот, кој за скоро ќе биде објавен, ќе бидат на Spotify, а за нашиот настап на Андерфест можете да очекувате песни од албумот кои ги немаме


МНД: Ако „Големата вода“ беше концертен момент што публиката ќе го памети уште долго, како би изгледал тој момент на Андерфест и што би сакале луѓето да почувствуваат во него?

ГВ: Би сакале само да не запамтат по нашата енергија и музикалност. Ние ќе дадеме сè од себе, и се надеваме дека ќе биде возвратено од публиката.


Следете го овој млад скопски бенд на Јутуб (YouTube), фејсбук (Facebook), Инстаграм (Instagram) и Бендкамп (Bandcamp) и не заборавајте да ги гледате на 7 ноември 2028 година во Младинскиот културен центар во Скопје. Покрај Големата вода на Андерфест 7 ќе имате прилика да ги чуете и видите Димиш/Dimish (прочитајте го интервју со Димиш пред настапот на Андерфест 7), Новиот почеток, Занаду, Аудиоцигла, Lost in Reverie (прочитајте го интервјуто со Lost in Reverie пред нивниот настап на Андерфест 7) и Demency.

Total
0
Shares
Related Posts