Драги Иванов, за прв пат годинава споделува видео запис за уште една од песните на неговиот прв албум „Небо“. Овој пат за песната “Навидум” со кој продолжува и визуелно да го отсликува неговиот албум. Песната „Навидум“ е напишана, изведена и продуцирана од Драги, како и остатокот од неговиот албум „Небо“. Исто така, видео записот е реализаран од негова страна со помош од Мирослав Илиќ, кој е одговорен колорот на овој и дел од неговите претходни видео записи.
Како што споделува Драги на социјалните мрежи, ова е третата верзија на видео записот за „Навидум“, четврта доколку се вбројува и едната концептуална идеја. Некогаш им треба време и на идеите да испливаат на површина.
Албумот „небо“ е достапен и на Спотифај (Spotify).
За сите негови следни најави и доколку сакате да сте дел од неговото патување, ова се неговите линкови до социјалните мрежи: