„Зошто“, искрената музичка приказна од Горан Мицевски

Горан Мицевски Кус - Зошто - cover

На македонската музичка сцена пристигна нова, длабоко искрена композиција – „Зошто (Why)“, дел од дебитантскиот авторски албум „Гласот од невидливиот свет“ на Горан Мицевски – Кус. Ова дело претставува интимно патување, создавано со многу промислувања и духовни моменти.

„Процесот на создавање на „Зошто“ беше долг и длабок, со многу лични преиспитувања и духовни моменти. Често се прашував дали некогаш овие композиции ќе бидат изведени пред публика, но сфатив дека вистинската вредност на музиката не зависи од аплаузот или признанието – таа живее во самиот чин на создавање.“

ГОран Мицевски – Кус

Главниот автор, Горан Мицевски, истакнува дека процесот на создавање бил долг и полн со лично преиспитување, а музиката овде доаѓа како форма на внатрешна слобода и тивка молитва. Посебно се истакнува соработката со Кристина Палија, чиј вокал внесува искрена емоција, како и придонесите на Здравко Стојмиров, Дона Петрова и Дејан Марковски, кои и додадоа длабочина и топлина на оваа композиција.

Кристина Палија и Горан Мицевски
Кристина Палија и Горан Мицевски

„Зошто“ трае девет минути и e замислена како музичко патување – неверојатно искрен и некомерцијален израз, кој повикува на подлабоко слушање во време на површни и брзи содржини.

Песната од денес е достапна на сите дигитални платформи и музички продавници, а премиерата може да се преслуша и на Јутуб (YouTube).

Total
0
Shares
Слични написи