Чујте ја новата песна на Драги Иванов, „Крута“

Драги Иванов во спотот за Крута

„Крута“ е нова песна на Драги Иванов, музичар и музички продуцент од Скопје. Новата песната заедно со видео запис ја издаде на 11 јуни.

Синглот Крута е комплетно авторско дело на Драги Иванов. Тој не само што е е изведувач, кант-автор и продуцент, туку е креатор и на видео-записот. Помош на песната дојде од Мартина Баракоска од Фанк Шуи која е заслужна за дел од синтисајзерите и оргулите во рефрените и мостот на песната.

Во изработка на видеото помогнаа Стефан Момиќ, Мирослав Илиќ и целиот тим од културно-едукативниот центар Лабораториум во Скопје.

Драги Иванов

Драган своето музичко образование по музичка продукција, инженерство, електронска продукција и дизајн на звук го заврши на Универзитетот Беркли во 2018 година. Познат е по своите соработки со Дупер, Плутос Даутс (Pluto’s Doubts), Фанк Шуи (Funk Shui) и Дина Јашари.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи