На 20 март 2024 Сузана гавазова го објави музичкото видео за песната „Далавера“ која воедно на истиот ден ја доживеа својата премиера. Ова е песната со која Гавазова настапи на Роса Фест 2024.
Музичкото видео е во продуција на ИН Продукција (IN Production). Режисерот на видеото е Стојан Стојановски, а продуцентот е Ване Петкоски.
Автори на песната се Орце Зафировски (музика и текст), а аранжманот е на Инан Неџиповиќ.
Ден по објавување на синглот „Далавера“, таа јавно на својот Фејсбук профил им се заблагодари на сите што учествуваа во реализација на музичкото видео.
Сузана Гавазова, вистинската македонска фолк ѕвезда е во врвот на својата кариера. Тоа ја потврдува и нејзината топ форма што уште еднаш таа вешто ја демонстрираше преку кадрите на режисерот Стојановски во новото музичко видео за песната „Далавера“.
Новиот сингл „Далавера“ на Гавазова доаѓа во вистинско време пред нејзината турнеја во Австралија најавена за април 2024. Уживајте во музичкото видео.