„Сенки и спомени“ нов сингл од македонската група Soundcheck

soundcheck сенки и спомени

Soundcheck, македонскиот поп-рок состав го претстави својот нов сингл „Сенки и спомени“. Песната го имаше своето деби на 6 март и веќе е достапна so видео запис на YouTube. Групата го задржи препознатливиот звук кој го имаше и досега, иако во овој случај песната е малку повеќе рок, отколку поп. Ова секако не значи дека на љубителите на музиката на Soundcheck нема да им се допадне.

Soundcheck доаѓаат од Гостивар, а „Сенки и спомени“ е нивна трета песна. Групата дебитираше со авторска музика во април 2019 со песната „Одведи ме во сонот“. Во април 2023 година ја претставија својата втора песна „Доцна е за сè“. Се надевеме дека за следната песна нема повторно да чекаме речиси цела година.

Составот на Soundcheck, за „Сенки и спомени“ е Давор Карафилоски – вокал; Драгутин Јаковлевски – електрична гитара; Војкан Јаковлевски – акустична гитара; и Марко Стамески – тапани. На песната соработуваа со Дамир Пух и Наташа Миха. Музиката е колаборација на членовите на групата со Наташа и Дамир. На текстот соработката е со Наташа Миха, а аранжманот, микс и мастеринг, продукцијата се на Дамир Пух. Песната е снимена GreenRoom Sound Studio.

„Идејата за песната започна од акустична снимка што ја имавме како импровизација од пробите кои ги одржувавме, потоа му ја испративме на Дамир кој создаде одличен риф и инструментал, и од тука се роди целата идеја за нов проект на Soundcheck и GreenRoom Sound Studio. За видеото се погрижија момците од 351 Studio.“, велат од Soundcheck.

Total
0
Shares
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Слични написи